Категории

Кога ќе престане да те боли душата, ќе престане и телото

Луѓето често ги боли душата, а не се ни свесни дека ги боли или ја игнорираат таа болка. Мислат, важно е дека не им е ништо, односно дека со нивното тело е се во ред.

Но тоа не е никако така. Секогаш болката на душата се одразува со болест на телото. Не треба да се игнорира нити најмалата болка, ако се повторува, значи дека внатре во вас нешто не е како што треба. Секој дел од телото истовремено покажува или сокрива една емоција или мисла. Така да кога следниот пат ќе кажеме: „Ме боли главата, вратот ми е укочен, не можам да се исправал или да ги свиткам колената“ и ред други нешта, треба да обрнеме внимание на кажаното.
Зошто душата пати? Затоа што правиме отпор и не ги прифаќаме некои случувања или поради некој наш внатрешен немир, кој се случува моментално.

Кога ќе се случи нешто што во нас предизвикува силни емоции поминуваме низ овие пет фази: негирање, лутина, преговарање, депресија и прифаќање.

Душата пати, иако мислиме дека таа фаза завршила и веќе можеме да се носиме со нашите секојдневни обавези, само сме го потиснале најмалиот ветер кој ќе направи олуја во нас. Мирот никогаш не дошол однадвор, туку секогаш само одвнатре.

Потребно е време да се стабилизираат вибрациите. Немојте да се плашите, вие не сте сами дури ни тогаш кога мислите дека сте. Верувајте, не сте! Душата работи за ваше добро. Верувајте им и прифаќајте ги случувањата, луѓето кои доаѓаат и си одат. Нема потреба да се борите за нешто постојано. Зар не е поголемо олеснување кога знаете дека сте одговорни за својот живот, вие сте одговорни за сопствениот мир и можете да си го дозволите.

Прегледи:
1125
Објавено на:
20.12.2019