Категории

Кога ќе се најдеш во мрак имаш два избори – Или да станеш светлина или да дозволиш темнината да те проголта

Кога ќе стане тешко, имаме два избори: Да дозволиме моментот да не дефинира или ние да го дефинираме тој момент. Најважно е секогаш да го одбирате вториот чекор.

Постојат одредени мигови во животот кои не дефинираат. Во тие мигови секоја акција и реакција дефинира како ќе напредуваме од точката на која се наоѓаме во моментот.Кога ќе стане тешко, имаме два избори: Да дозволиме моментот да не дефинира или ние да го дефинираме тој момент. Најважно е секогаш да го одбирате вториот чекор.
Ако дозволите моментот да ве дефинира, и место вас да одлучува како ќе живеете и како ќе се чувствувате понатаму, ќе бидете вечно несреќни.

Секој од нас има сопствена приказна која носи потешкотии, многу е важно да останеме доследни на себеси, приземни и сталожени што и да се случува, и да не дозволуваме негативноста и тагата да не скршат.
Обидете се од се да извлечете нешто позитивно. Секоја тага нека биде лекција како треба да постапувате во иднина и на што да внимавате повеќе. Не дозволувајте да ве дефинира како личност.

Сфатете ја како мало парче глина кое ќе ви помогне да ја дефинирате посакуваната фигура, односно, фигурата во која сакате да се видите себеси во иднина. Каква личност посакувате да бидете и каков живот посакувате да живеете!

Прегледи:
411
Објавено на:
22.09.2021