Категории

Кога ќе станеш искрен спрема себеси – Ќе започне животот кој отсекогаш си требал да го живееш

Ќе почнеш да се чувствуваш повеќе присебно, како да го живееш оној вистинскиот ти тогаш кога ќе почнеш да бидеш искрен со себеси.

И понекогаш тие искрени разговори водат до болка затоа што во миговите кога растеш секогаш губиш нешто.
Испуштат делови од себе кои повеќе не ти се потребни како што змијата ја соблекува својата кожа.
И тоа нема никаква врска со грешките кои си ги направил, туку со нештата кои си започнал да ги правиш точно.

Кога ќе погледнеш назад ќе забележиш дека никогаш не би ги направил изборите кои си ги направил некогаш, кога ќе погледнеш на сопствениот живот од нова перспектива ќе помислиш како тоа да е животот на некоја друга личност, личностите кои некогаш биле покрај тебе сега ти изгледаат подалечни од кога и да било. И ќе погледнеш на некои нешта со горчина и тага но конечно ќе сфатиш дека сето тоа се случило баш онака како што требало да се случи.

И постојат само неколку ликови кои можеш да ги сместиш во одредени странции и приказни а многу малце од нив заслужиле да бидат таму.
Само кога ќе почнеш да бидеш искрен спрема себе и спрема она што си, и да ќе изгубиш некои луѓе но исто така ќе се пронајдеш себеси и ќе го откриеш животот кој си требал отсекогаш да го живееш.

Прегледи:
792
Објавено на:
01.09.2020