Категории

Кога ќе ти притреба помош во животот, научи добро да ги набљудуваш луѓето

Прво ќе се разочараш од оние од кои си очекувал помош, а исчезнале без трага и тогаш позитивно ќе те изненадат оние кои ќе ти помогнат, а не си го очекувал тоа од нив..

Тоа сознание може да ти биде драгоцено. Баш во тој миг најдобро ќе откриеш што е секој од нив, тогаш ќе можеш најдобро да ги прочиташ. Немој да те лаже твојот став за луѓето кои си ги стекнал во миговите кога ти било добро, кога си имал пари, кога си успевал на различни полиња затоа што она што сега ти го зборуваат и прават е повеќе поради она што си го правел и постигнувал, отколку поради тоа што ти си бил вистински во тој миг.

Кога ќе ти притреба помош во животот, научи добро да ги посматраш луѓето затоа што луѓето немаат само едно лице, луѓето имаат уште стотина маски кои ги користат по потреба во различни ситуации. Кога ќе ти затреба помош во животот, знај дека нема да ја добиеш од оние од кои си очекувал цело време, оние кои се правеле големи алтруисти и хуманитарци, оние кои го зпомнувале зборот пријател, човек и користат такви фрази за твоето срце да се растопи од нежност.

Кога ќе ти притреба помош во животот, научи добро да ги посматраш луѓето затоа што тогаш најдобро ќе видиш дека луѓето се разликуваат. Тие се делат на онакви кои ќе ти помогнат, без приговарања и потценувања, и оние кои ќе ти поставуваат услови и ќе имаат некој интерес од тоа што ќе ти помогнат. Ќе видиш дека оние моќните, кои имаат многу, оние кои се преправаат дека се добри, брзо ќе исчезнат и ќе останат само грст луѓе кои се твои вистински пријатели.

Прво ќе се изненадиш од оние од кои си очекувал помош а исчезнале без трага, и тогаш позитивно ќе те изненадат оние кои ќе ти помогнат а не си го очекувал тоа од нив. Нека тоа ти стане показател за тоа во кој смер ќе оди твојата иднина, кои луѓе ќе ги држиш како капка вода на дланката, а од кои ќе го подигнеш едрото и ќе испловиш далеку во нов живот без нив.

Прегледи:
506
Објавено на:
11.01.2020