Категории

Кога мислиш дека е крај на се – Верувај дека имаш цел еден свет и уште илјадници нешта кои сеуште не си ги видел

Знај дека лекувањето е болно, промената е болна. Некои денови се потешки од другите и понекогаш не сакаш да се соочеш со одредени демони. Некогаш се будиш со тешко срце и солзи заглавени во грлото. Но, верувај ништо не е поболно отколку да останеш истата личност. Личност која не искусила ништо, не се здобила со рани и не научила ниедна лекција, личност која не еволуирала и останала во својата малечка школка без да почувствува било каква тегоба.

Запомни дека и покрај се има уште цел свет што не си го видел, ништо не завршува тука, верувај – се штотуку почнува. Има луѓе што не си ги сретнал. Има храна што не си ја вкусил, мориња во кои не си ги намокрил нозете, мириси кои сеуште не си ги запознал. Постојат одредени чувства што сеуште не си ги почувствувал. Постојат можности што не сте ги истражувал. Подобро е сеуште да не се откажуваш од себе.

Прегледи:
401
Објавено на:
27.08.2021