Категории

Кога мислите дека нема излез – Потрудете се, а останатото оставете го на судбината!

Во животот често има бури со кои не знаеме како да се справиме, има грижи и проблеми, а изреката „Катастрофата никогаш не доаѓа сама“ многупати на искуство се покажала како точна. Сè во нашиот живот е меѓусебно поврзано, па кога ќе се појават проблеми на работа, тоа може да предизвика потешкотии со финансиите, или со семејството и партнерот, па сиот тој стрес може да биде ризичен за здравјето.

Човекот опкружен со разни обврски, задачи и очекувања од сите страни, понекогаш губи сила, се чувствува несреќен, вознемирен и живее во неизвесност. Таа нестабилност и отстапување од планот е она што многу ни пречи, особено кога забораваме дека животот е сега и овде, во сегашниот момент.

Кога ќе се појават таквите моменти од животот, како еден вид мантра, можете да кажете една моќна јапонска поговорка која може да помогне се да си дојде на свое место, а тоа е – „Потрудете се, а останатото оставете го на судбината“.

Кога знаете дека дадовте се од себе, грижите треба да исчезнат, ја вложувате вашата енергија и сила во нешто, а ако резултатот не е онаков каков што очекувавте, можеби требаше да биде, можеби учиме лекција или не е уште вистинско време. Исто така, во ваквите периоди од животот не треба да се размислува за тоа што другите ќе кажат или мислат, туку за создавање внатрешна поддршка за себе, поставување на темелите во своето битие и верба во себе. Главната работа е да бидете свесни за себе – што правите и зошто.

Точно е дека во некои ситуации неизвесноста е неизбежна, но во ваша моќ е да дадете некаков временски рок, да одредите некоја мерка и да повлечете линија. Уште колку сте спремни да инвестирате? Каков одговор или решение чекате? После која фаза ќе почнете да се однесувате поинаку? Имате избор како да постапите, така што состојбата на нестабилност и неизвесност никогаш нема да ве проголта засекогаш.

Важно е да сфатите дека не можете да контролирате сè во животот, а што е надвор од ваша моќ, не треба да се нервирате поради тоа. Сè што не е во ваши раце не е ваша одговорност. Не трошете енергија, време и здравје на работи на кои не можете да влијаете. Секогаш давате се од себе, а останатото препуштајте го на судбината – ова е еден од наједноставните, но и најреалните рецепти за среќен и подобар живот.

Прегледи:
668
Објавено на:
24.02.2022