Категории

Кога не знаеш по кој пат да тргнеш – Само седни и чекај

Биди мирна, молчи и слушај го своето срце.

„Чувај се. Секој пат кога созревајќи, сакаш да промениш нешто што е погрешно во она што е исправно, не заборавај дека правата револуција треба да ја изведеш во себеси самата, прва и најважна.
Да се бориш за една идеа, а да немаш идеа за себеси, е едно од најопасните нешта кои можат да ти се случат.
Секогаш кога ќе се почувствуваш збунета и изгубена, помисли на дрвото и сети се како тоа расте.
Не заборавај дека една дрво со голема крошна и мал корен се откорнува при првиот налет на ветрот, додека преку дрвото со многу жили и мала крошна, и соковите едвај протекуваат.
Корените и кришната мораат да растат заедно, мораш да бидеш истовремено во нештата и над нив, само така ќе можеш да понудиш ладовина и засолниште, само така, кога ќе дојде времето, ќе се накитиш со цветови и плодови.

И кога пред тебе ќе се отворат многу патишта, и ти ќе знаеш по кој пат да заминеш, немој да одиш по никој, туку седни – и почекај.
Диши длабоко и со доверба во себеси, онака како што дишеше денот кога дојде на свет, не дозволувај ништо да ти го одземе вниманието, чекај и само чекај.
Биди мирна, молчи и слушај го своето срце.
Кога ќе го чуеш неговиот глас, стани и оди онаму каде што те води.“

Прегледи:
503
Објавено на:
07.12.2019