Среќата не е отсуство на проблеми, туку способност да се соочиме со нив
Замислете само кога преубавите нешта вашиот ум би можел да ги прифаќа само кога не би бил толку сконцентриран на борбата со проблемите. Секогаш гледајте го она што го имате, наместо она што сте го изгубиле. Не е важно што животот ви одзедол, туку што сте направиле со она што ви останало.
Секогаш кога нештата ќе тргнат „низ брдо“ – сетете се на овие нешта..
Болката е дел од процесот на растење
Понекогаш животот затвора една врата затоа што е потребно да тргнеме напред. И тоа е нешто добро затоа што често не сакаме да направиме промена се додека околностите не не присилат на тоа. Кога времињата се тешки, сетете се дека нити една болка не доаѓа без причина.
Се е минливо во животот
Секогаш кога паѓа дожд, тој престанува. Секогаш кога ве боли, подоцна заздавува. После мракот доаѓа светлина. Секое утро не потсетува на тоа но често забораваме и наместо тоа веруваме дека ноќта ќе трае вечно. Нема. Ништо на овој свет не трае вечно.
Ако моментално се е во ред, уживајте во тоа. Тоа нема да трае вечно. Ако нештата се лоши, не грижете се, нити тоа нема да трае вечно. Ако животот во овој миг не е лесен, не значи дека среќата нема никогаш да дојде. Секој момент ни нуди нов почеток и нов крај.
Грижата и кукањето не менуваат ништо
Оние кои постојано се жалаат, постигнуваат најмалку. Секогаш е подобро да направиш нешто големо, и да не успееш, отколку да не се обидеш воопшто и да успееш во тоа. Не е завршено ако сте изгубиле, завршено е кога ќе престанете да се обидидувате и ќе почнете да кукате. Ако во нешто верувате, продолжете да се обидувате. Не дозволувајте сенките од минатото да го помрачат влезот во вашата иднина. Наместо тоа, превземете нешто. Направете промена и не се вртете назад повеќе.
Вашите лузни се симбол на вашата сила
Немојте да се срамите од вашите лузни кои ви ги оставил животот. Лузните значат дека болката престанала и раната е затворена. Лузните се тетоважи на успесите, бидете горди на нив. Не дозволувајте тие да ве натераат да го живеете животот во страв. Гледајте на нив како на знаци на вашата сила и храброст, гледајте на нив како на знаци кои велат: „Да, успеав! Преживеав и имам лузни кои го докажуваат тоа. И сега имам прилика уште повеќе да зајакнам.“
Секоја борба е чекор напред
Во животот, трпението не е само чекање, тоа е способност на задржување на добриот став кога работиме на нашите соништа, знајеќи дека работата е вредна за тоа. Тоа значи дека понекогаш нема да ги имате нештата на кои сте се анвикнале, ќе излезете од вашата зона на комфорот, ќе ги жртвувате врските и нештата кои веќе ги познавате. Тоа е тест на вашата одлучност.
Негативноста на другите луѓе не е ваш проблем
Бидете позитивни и тогаш кога ве опкружува негативноста. Смејте се кога другите сакаат да ве расплачат. Тоа е лесен начин на кој можете да го задржите својот ентузијазам и фокус. Кога луѓето се однесуваат лошо спрема вас, продолжете да бидете она што сте. Немојте да дозволувате нечија огорченост да ве промени. Немојте да се менувате себеси за да импресионирате некој кој вели дека не сте доволно добри. Менувајте се затоа што мислите дека треба да станете подобра личност. Правете го она што вам ве прави среќни и што ве прави горди на себеси и ви донесува насмевка на вашето лице.