Категории

Кога парфемот е некултурен, кога телефонот не треба да стои на масата? Бонтон правила кои морате да ги знаете

Правилата на однесување се многу едноставни, само што на некои од нив понекогаш се заборава. Во продолжение ви ги споделуваме и оние помалку познатите бонтон правила.

-Ако кажете: „Ве повикувам“, тоа значи дека вие плаќате. Ако кажете: „Ајде во ресторан“, во тој случај секој плаќа за себе.

-Никогаш немојте ненајавено да дојдете кај некого. Една пританска дама се изјаснила по повод овој проблем. Кога и да и пристигнеле гости кои претходно не и се најавиле, таа секогаш облекувала чевли и земала шешир. Ако и се допаднела личноста, ќе речела: „Само што се вратив дома“, ако не, тогаш ќе воздивнела и ќе кажела: „Ох, каква штета, само што излегувам од дома.“

-Во јавност никогаш не го ставајте мобилниот телефон на масата. Кога ќе го направите тоа, покажувате колку негативна улога има овој уред во вашиот живот, или уште полошо, дека ви е досадно и дека во секој миг сте спремни да погледнете што има ново на фејсбук или инстаграм.

-Ако одите со некого по улица и таа личност сретне свој познаник и застанете да се поздрави со него, и вие треба да го направите истото.

-Поголемиот дел од луѓето веруваат дека е исправен начин да се јаде суши со помош на стапчиња. Меѓутоа, мажите, за разлика од жените, можат да го јадат и со раце.

-Секогаш морате да имате чисти чевли.

-Ако некој ве навреди, немојте да возвраќате со иста мера нити да го повишувате тонот на гласот. Никогаш не се спуштајте на нивно ниво. Насмевнете се и оддалечете се од безобразните луѓе.

-Мажот би требало да чекори од левата страна на жената.

-Девет нешта кои би требало да ги држите во тајност, и да не ги доверувате на никого: годините, богатството, семејните расправии, религија, здравствени проблеми, љубовни афери, поклони, чест и срам.

-Кога во кино или театар заминувате од своето место, секогаш треба да бидете завртени со лицето спрема оние кои седат.

-Ако некој безобразно ве повика со зборовите: „Ти таму!“, не обраќајте се.

-Златното правило кај користењето на парфемот е умереноста. Ако го чувствувате и во доцните вечерни часови, тогаш знајте дека сте претерале.

-Кога ќе влезете во просторија полна со луѓе, вие треба први да се поздравите.

-Ако ви е простено откако сте се извиниле, немојте повеќе да се враќате на темата.

-И како што легендарниот Џек Николсон рекол: „Не викам од една соба во друга. Не отворам затворена врата без да тропна. Ја пуштам дамата да помине прва. Целта на овие бескрајни, едноставни правила е да го подобрат животот. Внимавам на своето однесување и верувам дека бонтонот е многу важен. Тој е едноставен и разбирлив јазик на взаемното почитување“.