Категории

„Кога престана да ја сакаш и одлучи да замениш бисер за зрно песок?“ – Кукла од Памук

„Кажи ми..
Кажи ми како изгледаше утрото
кога се разбуди со мислата
дека треба да ја отпуштиш нејзината рака?
Кажи ми..
Како изгледаше утрото
кога се разбуди со мислата
дека во неа повеќе не спие светост?
Кажи ми..
Како изгледаше утрото
кога во нејзините очи повеќе не ги виде
сите почетоци и краеви?
Како изгледаше тој момент
кога повеќе не се почувствува среќен?
Кажи ми..
Кој миг те доведе до тоа
да посакаш да замениш
бисер за зрно песок?“

Следете за повеќе: https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog/

Прегледи:
597
Објавено на:
03.07.2021