Категории

Кога стануваме свесни дека веќе не сме заинтересирани за партнерот?

Слушнете ги подобро вашите чувства и потајни желби, се ќе ви биде јасно!

Колку пати ви се случило да чувствувате заљубеност, да заборавате на светот кој ве опкружува, барањата на родителите, пријателите, колегите? Едноставно, ништо не ве интересира, освен партнерот.
Чувствувате дека тогаш вашите субјективни центри се неупотребливи, но кога ќе поминат тие неколку месеци од „занесеноста“ и почнуваате да размислувате со ладна глава, сфаќате колку вушност она што ви го зборувала вашата најдобра пријателка или било кој од околината, било всушност вистина.
И кога ќе дојде до таа точка, се прашувате себеси: „Дали е можно јас да сум го рекла тоа нешто?“, „Како сум дозволила порано да бидам толку занесена?“, „Зарем сега ли се разбудив од сонот?“
Не грижете се, тоа е само афирмација дека конечно сте се се вратиле во реалноста. Ви споделуваме неколку примери на негативни машки параметри кои доведуваат до тој степен на незаинтересираност и презаситеност.

Непочитување
Доколку чувствувате дека вашиот партнер не ве уважува доволно, дури и пред пријателите го поништува вашето размислување и констатации, се работи за несигурен маж кој само го чекал моментот да се опуштите со цел да ве „надмудри“

Не ви посветува доволно внимание
Поголемиот дел од времето го поминувате сами, а партнерот во другата соба пронаоѓа добра причина да не биде со вас, а за тоа во прашање е себичен партнер кој не се грижи за вашите чувства.

Недостаток на интимност
Блискоста е најважно нешто за жените, во тоа тие ја пронаоѓаат својата сигурност и емоции. Ако мажот одбива прегратка, бакнеж и водење љубов, а сте го дочекале од двонеделен службен пат, се работи за незаинтересиран партнер кој не ве усреќува.

Разминување на животните ставови
Сакате семејство, топол дом и романтични мигови, а на партнерот му е дојдено до се само не до заеднички планови. Разговорот се сведува на планирање на следниот музички фестивал во градот. Целиот труд е залуден.

Размислете за своите потреби!

Прегледи:
374
Објавено на:
11.10.2019