Категории

Кога сте оставени сами со својата тага – Таму горе има некој кој гледа и слуша се, и ја чувствува вашата болка како своја

Понекогаш ви доаѓа да плачете затоа што мислите дека вам ви е најтешко на светот и дека никој не ве разбира. И тогаш исплачете се, исфрлете се од себе. Апсолутно се. А потоа станете, избришете го лицето и тргнете напред. Животот е премногу скапоцен за да поминувате повеќе време во плачење отколку што ви треба за да живеете. Солзите ви ги избистрија очите. Исчистете го патот, прочистете го животот и повторно ќе сте како нови. Можете да одите таму каде што не сте биле и да го почувствувајте она што никогаш не сте го почувствувале. Да бидете она што никогаш не те биле.

Сите имаме денови кога се чувствуваме напуштено од секој околу нас. Оставени сме некаде на страна со нашата тага. Но, има некој што гледа и го слуша сето тоа. Тој ја чувствува секоја наша болка како своја. Тој е на чекор од нас и тивко ни шепоти: „Ќе излезеш од ова наскоро, многу посилен и поцврст. Верувај ми!“  Бог е секогаш тука. Верувајте му, и нека се случи она што треба да се случи. Затоа што само кога животот изгледа дека завршува, животот всушност тогаш започнува.

Прегледи:
615
Објавено на:
22.10.2021