Категории

Кога сте уморни и немате сила – само бидете по тврдоглави, исправете се и обидете се повторно

Сите се изморуваме, и не само во физичка смисла, понекогаш едноставно остануваме без сила. Имаме желба да се откажеме од се, да се предадеме и да се свртиме против животот. Но, тоа секако на никој начин не е излезот.

Светот во кој живееме, многу не исцрпува. Тој не е великодушен.
Сте се умориле, дури и од тоа што живеете во него. Сте се умориле затоа што сте сакале премногу, сте дале се на светот, кој не ви пружил ништо за возврат. Уморни сте од неизвесноста. Од монотонијата на секојдневието. Некогаш сте биле полни со надеж, оптимизмот го надминал цинизмот, сте биле спремни да давате повторно и повторно. Но, скршеното срце, неисполнетото ветување, неисполнетите планови – сето тоа постепено ве рушело на земјата од облаците.

Уморни сте, и немате повеќе инспирација.
Сакате повеќе, но премногу сте уморни за да побарате. Не ви се допаѓа каде се наоѓате, но премногу сте исплашени да почнете нешто од почеток. Треба да превземете ризик, но се плашите дека се околу вас едноставно ќе се распадне. На крајот на краиштата не сте сигурни колку пати ќе треба да почнете од почеток.
Уморни сте од игри, лаги, несигурност. Но дури и тогаш кога се ви изгледа безнадежно, морате да направите уште еден обид со последниот атом сила во вас.

Сфатете дека тоа е нормално, не можеме да бидеме инспирирани секој ден. Сите сме исцрпени понекогаш, паѓаме и се разочаруваме. Сите се изморуваме. Но вистина е, секој човек на кого му се восхитувате, еднаш доживеал таков пораз што го сравнил со земјата. Но тоа не го спречило повторно да се издигне и да почне се од почеток.
Кога сте уморни, движете се полека. Мирно, без брзање. Но не застанувајте, никако! Се додека се движите и со многу мали чекори, толку мали што ви се чинат безначајни, сепак сте поблиску до целта отколку што сте биле вчера.

Прегледи:
375
Објавено на:
02.01.2020