Категории

Кога твојата душа е изморена и сакаш да се откажеш – Сети се на ова

Животот ќе те изненади на толку неочекувани нешта и исто така ќе ти го скрши срцето на начини на кои не си знаел дека постојат. Но едно е сигурно дека сето тоа ќе бидат лекции кои ќе ти помогнат да созрееш и да расцветаш. И тоа исто така ќе ти помогне подобро да се откриеш себеси. Биди храбар и бори се за себе.

Сакам да сфатиш дека е нормално да имаш душа која е кревка и изморена. Во ред е да се чувствуваш онака како што се чувствуваш, во ред е да не бидеш во ред, да се чувствуваш тажно и да не разбираш зошто тоа мора да биде така.
Знај дека не мораш да живееш се одеднаш, немораш да се принудуваш себеси на совршена среќа, но исто така не мораш да се помириш со болката и да научиш да живееш со неа. Сакам да знаеш дека е во ред сето она низ кое поминуваш и го чувствуваш, и земи го сето време кое ти е потребно за да се чувствуваш подобро и да продолжиш напред. Во ред е да бидеш збунет и да не знаеш како да направиш баланс помеѓу нештата.

Тоа е она кое те прави човек, понекогаш е збунувачко. Животот ќе те изненади на толку неочекувани нешта и исто така ќе ти го скрши срцето на начини на кои не си знаел дека постојат. Но едно е сигурно дека сето тоа ќе бидат лекции кои ќе ти помогнат да созрееш и да расцветаш. И тоа исто така ќе ти помогне подобро да се откриеш себеси. Биди храбар и бори се за себе.

На крајот од денот, храброста не е борбено поле. Не  есекогаш ризици и некои силни подвизи. Храброста може да биде најтивкото нешто, наједноставното како станување на утро кога твоите коски се тешки и твоето срце не сака да носи повеќе тежина, храброст е да бидеш нежен срема себеси, особено кога не си воопшто совршена слика на она кое посакуваш да бидеш, дури и тогаш кога си направил премногу грешки.
Ти имаш една должност, а тоа е да си простиш на себеси тогаш кога тоа делува толку невозможно.

Прегледи:
678
Објавено на:
04.09.2020