Категории

Кога улогите во животот ќе се заменат, и оние кои се повредени ги преземаат конците на играта

Луѓето се навикнуваат на удари и подметнувања и сето тоа остава трага на нив. 

Го променува нивното размислување и чувства, ги променува нивните навики. Учат дека секогаш има такви кои спрема нив се однесуваат како да се над нив, но ги оставаат да се изгубат во своето его, да видат до каде можат да одат за да го смалат човека.

Се навикнуваат на чувствата кои ги имаат спрема другите затоа што знаат дека никогаш не можат да го предвидат следниот чекор. Се навикнуваат на ниските удари и се повлекуваат од многу битки со намалени очекувања од светот и другите луѓе.

Учат дека мешањето во туѓите животи на крајот секогаш се плаќа скапо, кој што рекол, што направил, што мислел.. Се оттргнуваат од се што ги вознемирува и почнуваат да чекорат по својот пат, знаат дека нема да решат ништо, нема да ги добијат одговорите кои ги барале, само ќе го изгубат својот мир.

И сето тоа остава трага врз нив и нивниот живот. Што премногу верувале, што давале премногу шанси, ги предавале своите емоции на оние кои сакале само да бидат нахранети од туѓата љубов.
И доаѓа време кога сето тоа добива смисла и сите тие луѓе остануваат сами со својот празен живот, а тие знаат како да не згрешат повторно и кому да не веруваат никогаш повеќе.
Тогаш улогите се заменуваат!