Категории

Кога ви е тешко сетете се на овие зборови: Мудри мисли на познатиот психолог Дејл Карнеги

Писателот, психолог и педагог Дејл Карнеги размислувал и живеел по принципот „во светот нема лоши луѓе“. Постојат само непријатни околности кои лесно може да се променат. Доволно е само да го промените односот кон нив. Затоа поради непријатните околности не треба да го расипувате животот и расположението на околината.

1. Стравот постои само во вашиот ум, на ниедно друго место.

2. Однесувај се како да си среќен и ќе станеш посреќен.

3. Секој човек е барем пет минути дневно будала. Вистинската вредност се сведува на тоа тој временски лимит да не се премине.

4. Ако судбината ти подари лимон, направи од него лимонада.

5. Научете да се ставате во положбата на другиот човекот и да сфатите што му е потребно нему, а не вам. Целиот свет ќе биде со оној кој успее тоа да го направи.

6. Бидете зафатени. Тоа е најевтиниот лек на светот и еден од најефективните.

7. Ако посакате да промените некого полнете од себе. Тоа е покорисно и побезопасно.

8. Замисли ги најлошите последици кои може да ги предизвикаат твоите постапки, однапред помири се со нив и потоа делувај.

9. Насмевката не чини ништо, но многу вреди.

10. Многумина повикуваат доктор кога им е потребна публика.

11. Луѓето не ги интересирами ниту јас, ниту вие. Наутро, напладне и навечер тие се занимаваат само самите со себе.

12. Кога човек ќе започне војна против самиот себе, тој веќе вреди нешто.

13. Јасно е дека вашиот маж има недостатоци, но кога би бил светец не би се оженил со вас.

14. Запомнете дека името на човекот е најслаткиот и најважниот звук за него на било кој јазик.

15. Тајната на нашата несреќа е во тоа што имаме премногу слободно време да размислуваме за тоа дали сме среќни или не сме.

16. За мудриот човек секој ден почнува нов живот.

17. Не утре. Денот за спасување на човекот е денес.

Прегледи:
788
Објавено на:
27.04.2020