Категории

Кога во вашиот живот ќе падне мрак, запомнете – Секогаш е најмрачно пред изгрејсонцето!

Животот не ви задава битки кои не можете да ги издржите, само ве учи да ја спознаете вашата скриена сила.

Колку и да се чувствувате лошо денес, и колку ситуацијата во која се наоѓате да ви изгледа безизлезна, знајте дека секогаш постои расплет и крај.

Лошите денови секогаш завршуваат. Дури и најлошиот ден има само 24 часа. Збунетоста, разочарувањето, фрустрираноста, и бесните ноќи не траат засекогаш. Скршеното срце и духот не е крај на вашата приказна, освен ако вие не одлучите така.
„Секогаш е најмрачно пред изгрејсонцето“

Ќе дојде ден кога сето тоа ќе остане во минатото, како избледена дамка која не се ни забележува кога ќе ја погледнете целосната слика.
Животот не ви задава битки кои не можете да ги издржите, само ве учи да ја спознаете вашата скриена сила.

Можеби денес тоа не изгледа така. Можеби сега вашето небо е премногу бурно и магловито, но кога сето тоа ќе помине, после бурата секогаш се е кристално јасно.

Вашето време доаѓа, и е поблиску отколку што си мислите!

Прегледи:
508
Објавено на:
02.06.2020