Категории

Кога во животот имате сѐ освен среќа – Каде да ја пронајдете?

Си живеел еден селанец на пространо поле среде зелена долина, и една вечер пронашол детелина со четири лисја, знак на голема среќа – како што велеле луѓето во тој крај. Отрчал во селото кај пријателите: мудрецот, лекарот, учителот и свештеникот.

„Пред тебе се големи нешта, во тоа не треба да се сомневаш“, му рекле пријателите. „Што ќе посакаш?“

„Раскошна куќа со голема цветна градина, да не морам да плаќам данок, добра жена, две паметни деца, работа на свеж воздух, леб секој ден на трпезата..“

Селанецот замолчел, а пријателите се насмеале. Тој сето тоа веќе го имал.
Среќата веќе била тука.

„Овој ден ќе живеам како да е првиот во мојот живот.
Со восхит ќе го гледам своето семејство и пријатели, среќен сум што ги имам. Со нив ќе ја делам онаа љубов за која се зборува и која само ретките ја разбираат.
Ќе набљудувам се и секого како прв пат да го гледа, особено она на кое веќе сум се навикнал благодарејќи на волшебството кое го опкружува. Кога ја облекувам кошулата за прв пат, ќе погледнам да го видам кројот, во својата фантазија ќе ги замислам рацете кои го береле памукот и реката која го натопувала полето на кое бил посеан. Ќе замислам како сето тоа било дел од историјата на мојата кошула.
Ќе поминам по улицата која сум ја избегнувал, затоа што велат дека таму нема ништо вредно да се види. Можеби ќе добијам желба повторно да навратам кај неа.
Ако утре биде сончево, ќе го гледам сонцето како да го гледам за прв пат. Прв пат ќе се насмевнам и нема да чувствувам вина, затоа што радоста не е грев.
Моето „добро утро“ денес ќе звучи поинаку. Нема да се служам со вообичаени фрази, ќе ги изговорам зборовите на благословот, за сите да ја разберат важноста на мигот во кој живеат, дури и тогаш кога ќе не снајдат неволји кои би не растажиле. Исто така, кога ова би бил последниот ден од мојот живот на земјата, за мене ќе биде величествен, затоа што ќе го живеат со невиноста на детето и се ќе прават како да правам за прв пат.“

Прегледи:
969
Објавено на:
26.12.2020