Категории

Кога животот ви се смее во лице и после секоја тага доаѓа нова: Запомнете ги овие зборови

Што и да ви се случувало во животот, единствен начин е да преживеете, да продолжите понатаму и да одите кон среќата и да бидете позитивни, благодарни за сето она убаво што ви се случило.

Најдобрите животни лекции се учат од најлошите ситуации и најголемите грешки. На сите во животот им се случува нешто лошо.
Сите некогаш сме пателе затоа што некои ситуации не се одвивале онака како што сме сакале, сите сме изгубиле нешто или некого..
Но што и да ви се случувало во животот, единствен начин е да преживеете, да продолжите понатаму и да одите кон среќата и да бидете позитивни, благодарни за сето она убаво што ви се случило.

Болката е дел од созревањето
Животот понекогаш ни затвора некоја врата затоа што е време да продолжиме понатаму. Тоа е добро нешто, затоа што често не сакаме да го промениме нити она лошото се додека на тоа не не натераат околностите. Кога ќе дојдат тешките времиња, потсетете се себеси дека болката доаѓа со причина. Заминете од она кое што ве повредило но никогаш не заборавајте на што ве научила таа болка. Секој голем успех бара тешка, но вредна борба. Добрите нешта бараат време, затоа бидете трпеливи. Запомнете дека постојат две врсти болка – онаа која ве повредува, и онаа која ве променува.

Ништо не е вечно
Дождот паѓа, но мора и да престане. Секој пат кога сте повредени, раната мора да зарасне. После темнината секогаш доаѓа светлина. Немојте да мислите дека ноќта може да трае засекогаш, затоа што ништо не трае засекогаш, нити среќата а нити тагата. Само затоа што состојбата е лоша во моментот, не значи дека не треба да се смеете. Секој миг може да биде нов почеток и нов крај, добивате нова шанса во секој миг. Само треба да ја земете и да ја искористите.

Грижата и кукањето ништо не можат да променат
Оние кои најмногу се жалат, најмалку остваруваат. Секогаш е подобро да се обидете да направите нешто добро и да не успеете, отколку да не се обидете ништо. Не е се готово кога нема да успеете, готово е кога не правите ништо а само се жалите. Превземете иницијатива!

Лузните се само симбол на вашата сила
Никогаш немојте да се срамите од лиузните кои животот ви ги оставил. Лузните значат дека болката поминала и раната е затворена. Тие се тетоважи на победите на кои треба да бидете горди. Не смеете да бидете заложник на вашите лузни. Не можете да ги избришете од минатото, но можете да го промените начинот на кој ги гледате. Гледајте на вашите лузни како на знаци на вашата сила. „Раната е место низ кое светлината влегува во вас“ рекол персискиот филозоф Џелалудин Руми.

И најмалата борба е чекор напред
Суштината на трпението не е во чекањето, туку во способноста да истрпите додека одите кон својата цел, затоа што знаете колку вреди. Затоа што ако сакате нешто да започнете, треба да бидете трпеливи и упорни. Во спротивно не вреди да почнувате. Ако тоа може да значи привремено губење стабилност и упорност, на крајот ќе ви се врати дупло. А нема подобро чувство од тоа.

Туѓата негативност не е ваш проблем
Бидете позитивни дури и кога се околу вас што ве опкружува е негативно. Смејте се и кога другите се обидуваат да ве повлечат на дното. Постои едноставен начин да успеете во тоа, задржете го ентузијазмот и останете фокусирани на своите цели – и кога ве третираат лошо останете она што сте. Не дозволувајте да ве промени туѓата горчина. Не сфаќајте ништо лично, дури и кога ви се чини дека е лично. Луѓето ретко прават нешто поради вас, обично прават исклучиво поради себе.