Ова се дел од најчестите грешки кои се препрека на “патот” до Вашиот добар изглед.

Related image

Избор на бои

Верувале или не, боите можат да направат доста “проблеми” кога се работи за комбинирање на парчињата облека. Никогаш не е добро да бидете постојано облечени во темни тонови или монохроматски комбинации, без разлика колку добро Ви прилегаат истите. Но, од друга страна, не треба да претерувате со боите, бидејќи можете да оставите впечаток на кловн.

Потрудете се Вашите комбинации секогаш да изгледаат свежо и светло, поради кое е добро да носите на себе некоја светла кошула или џемпер во неутрална боја. Водете сметка да не ги спротивставувате боите кои не се “поднесуваат” меѓусебно, бидејќи колку и сте смели во изборот, сепак може да изгледате смешно.

Related image

Комбинирање на материјали

Материјалите и нивната текстура се поголем проблем од самите бои. Некои материјали, едноставно не одговараат едни со други – на пример, летна маичка со зимски панталони од волна.

Related image

Комбинирајте ги дебелите, зимски материјали како што се твидот, волната и кашмирот, а за топлите деновите, одберете памук и лен, кои се полесни материјали, кои ќе Ви помогнат полесно да ги пребродите високите температури.