Категории

Кои хороскопски знаци најмногу се нервираат?

Овен – овните се познати по тоа што лесно избувнуваат секогаш кога некој ќе ги предизвика. Никогаш не сакаат да им биде наредувано, а исто толку силно се нервираат кога некој ќе ги учи на нешта кои веќе ги знаат.
Оние кои силно ќе им згазнат по живците, знаат и да добијат ќотек, но доколку соговорникот ги изнервира, но остане смирен, тогаш овните знаат брзо да се смират и да се извинат за својата избувливост.

Бик – биковите најчесто се мирни и повлечени, па кога ќе се случат тие ретки моменти на покажување нервоза, луѓето околу нив не знаат како да реагираат бидејќи не се навикнати да ги гледаат во такво светло.
Биковите вообичаено се нервираат кога се обвинети дека нешто не сработиле исправно или кога се загрижени хороскопски знациод каква било причина. Исто така, не сакаат да бидат потсетувани на грешките од минатото.

Близнаци – кога близнаците ќе се изнервираат, тотално губат контрола и не обрнуваат внимание ниту на логика, ниту на разум и единствено важно е да го имаат последниот збор.
Вообичаено близнаците не се нервираат лесно, што е една од нивните главни одлики како знак, но кога ќе успее некој да ги изнервира, тогаш ништо нема да ги спречи да изнакажат сè што им лежи на душа.

Рак – раковите се многу грижливи и нежни, па најчесто се нервираат за сцени во кои токму овие карактеристики недостигаат. Исто така, мразат да бидат критикувани, но и кога некоја нивна добро сработена задача минала незабележано.
Дури и кога силно ќе се изнервираат, раковите знаат да ги бираат зборовите кои ќе ги кажат за да не повредат некого. Исто така, немаат проблем да бидат „лошите“ во секоја ситуација, ако тоа помогне за општа среќа на околината.

Лав – лавовите се грижливи, добродушни и прекрасни луѓе, но кога некој ќе им згреши, тогаш не се апсолутно ништо од тоа. Тогаш лавовите ги покажуваат своите канџи. Овие знаци, општо познато е, најмногу се нервираат кога некој сака да доминира над нив.
Кога лавовите ќе го загубат разумот, тогаш како вистински грабливи мачки, сосема мирно го чекаат вистинскиот хороскопски знацимомент и ѝ се нафрлаат на жртвата. Понекогаш, дури и физички ќе се пресметаат ако има потреба од тоа.

Девица – девиците вообичаено се мирни кога ќе бидат изнервирани, но ако се претера, тогаш знаат да експлодираат. Не знаат да губат, па кога ќе се случи тоа, знаат да ја исфрлат нервозата од моментот. Ги нервираат и нешта кои се надвор од правилата и кога нештата немаат ред.
Сепак, не ја држат лутината и не се злопамтила.

Вага – вагите ретко покажуваат нервоза, но ако тоа се случи, тоа значи дека некој ептен претерал. Типично за вагите е што се како темпирани бомби, па се смешкаат и се прекрасни до моментот кога најмалата капка ќе ја прелие чашата и ќе експлодираат.
Вагите секогаш внимаваат како изгледаат и се однесуваат, и токму затоа ретко се видени да загубат контрола. Но, кога тоа ќе се случи, презентираат бес каков што ниту еден друг знак во зодијакот нема.

Скорпија – скорпиите се познати како лошите момци на зодијакот и со нив лесно може да се влезе во конфликт. Тие сакаат да ги имаат нештата под контрола, па ако некој друг се обиде да ги влече конците во некоја ситуација, тогаш сè може да се очекува од скорпијата.
Ако се скарате со скорпија, бидете сигурни дека и после многу години ќе си ја добиете одмаздата.

Стрелец – стрелците лесно знаат да се налутат и за најмали ситници, но лутината знае да биде и многу забавна за соговорникот, бидејќи тогаш почнуваат да пелтечат, да забораваат зборови и да се губат во времето и хороскопски знаципросторот.
Сепак, не се големи фанови на караници, па ќе глумат дека не се нервозни за соговорникот да се смири, по што и самите ќе заборават на проблемот и ќе им мине лутината.

Јарец – јарците се претставуваат себеси како цврсти и недопирливи, но се многу емотивни одвнатре. Вообичаено во секоја ситуација ќе глумат смиреност иако во себе имаат вулкан од емоции.
Но, кога границите ќе бидат преминати, тогаш вулканот избива на површина. Најмногу лути на тоа што морало да дојде до таква ситуација, јарците ќе го наведат противникот да се чувствува виновен и да мора да се извини и покае.

Водолија – водолиите се гледаат себеси како смирени личности и мразат да губат контрола врз своите емоции. Најмногу се нервираат кога некој нема да ги разбере правилно или кога нема да ги земе за важни нивните ставови и мислења.
Кога ќе се изнервираат, вообичаено гласно викаат, а може и да си заминат оставајќи сè зад себе, по што вообичаено се чувствуваат потиштено и почнуваат да се лутат на себе што не се изнавикале уште малку повеќе.

Риби – на рибите им се важни туѓите чувства, па силно се трудат да не навредат. Но, кога тоа ќе го стори некој друг врз нив, тогаш работите се поинакви. Тогаш знаат да кажат и нешта кои не ги мислат, само да врата двојно посилно на нападот.
Кога рибите ќе се изнервираат, нивниот креативен ум работи со максимален капацитет, па последиците кон соговорникот може да бидат страшни. Кога ќе се смират, вообичаено се каат за нештата што ги кажале, иако е предоцна.

Прегледи:
593
Објавено на:
29.02.2016