Категории

Кои хороскопски знаци остануваат пријатели со бившите партнери

Повеќето луѓе ги бришат фотографиите откако ќе се разделат, ги фрлаат подароците и никогаш не го споменуваат името на бившиот партнер.

Но, некои хороскопски знаци остануваат пријатели со бившите, а за нив ова е еден вид на исполнетост. Според астрологијата, овие хороскопски знаци не сакаат да ги прекинат врските со луѓето што ги запознале, барем не толку лесно. Ајде да видиме кои хороскопските знаци остануваат во добри односи со бившите партнери дури и по раскинувањето.

 

Близнаци

Луѓето родени во овој хороскопски знак не му вртат грб на својот поранешен партнер и ќе продолжат да контактираат со него. Нивната комуникативна природа не им дозволува да не продолжат да комуницираат со луѓето со кои биле „поврзани“. Иако врската не успеала, овие луѓе сметаат дека бившиот е вреден за разговор и тие нема да размислуваат многу за тоа. Но, Близнаците се нетрпеливи и се брзо им здозадува, па колку долго ќе им трае пријателството, зависи од тоа колку долго поранешниот партнер ќе им го задржи интересот. Исто така, овие луѓе постојано го шират својот круг на пријатели, па дали ќе бидат само пријатели зависи од тоа дали поранешниот може да се вклопи во нивниот распоред.

 

Рак

Само неколку хороскопски знаци ги вреднуваат врските како Ракот, така што веројатноста за дружење со поранешниот партнер е голема. На овие личности многу им значи минатото. Луѓето родени со овој хороскопски знак се чувствителни луѓе, така што никогаш нема да бидат решени да ја прекинат својата врска целосно. Наместо тоа, тие ќе контактираат со поранешен партнер за да дознаат што се случува во неговиот живот. Овие луѓе постојано се грижат за луѓето од минатото, но треба да бидат внимателни да не ги искористат бившите за емоционална поддршка. Исто така, им треба многу време на овие луѓе да се откажат од љубовта, така што дружењето со поранешен партнер може да биде збунувачко.

 

Стрелец

Луѓето родени во овој хороскопски знак се многу флексибилни и брзо се прилагодуваат на промена. Па, ако партнерот се претвори во пријател, тие навистина ќе го прифатат. Овие луѓе сакаат авантури и забава, така што „нов“ пријател може да биде токму тоа. Ако бившиот партнер е некој што се смеел на неговите шеги, тогаш тие ќе бидат среќни и со задоволство ќе го задржат во својот живот. Стрелците не се личности кои сакаат да имаат долги емотивни разговори за минатото, тие само сакаат да се забавуваат.

Прегледи:
427
Објавено на:
05.01.2020