Категории

Кои козметички производи се идеални за вашата годишна доба

Кога на некоја крема ќе прочитате дека е наменета за одредена годишна возраст сигурно мислите дека тоа е само маркетиншки трик, но се лажете затоа што користењето на козметички производи за погрешна доба може да ви нанесат повеќе штета отколку корист.

Секојдневието во времето во кое живееме е исполнето со брз живот, лоша исхрана и стрес и многу се разликува од времето на нашите баби, а тоа најмногу се приметува на кожата на лицето и најчесто знаците на стареење денес се јавуваат на многу порана возраст отколку пред педесет години. Неадекватната нега, чистењето на лицето и третирањето значително влијае врз предвременото стареење на кожата, а за таа цел користењето на козметички производи наменети за години значително можат да помогнат во тоа. Постои само еден правило кое не разликува години, а тоа е дека кожата на лицето бара доста внимателна и темелна нега без разлика дали имате 20 или 70 години – принципите се исти.

Како да го одберете идеалниот производ за вашата кожа според вашата возраст:
20-ти: За оваа годишна доба идеални се кремите кои содржат висок заштитен фактор и витамин Ц, а тоа се серумите со антиоксиданси. На почетокот на 20-тите не треба да користите креми за подрачјето под очите затоа што тој дел доволно се нахранува од производот кој веќе го користите за целото лице. Како што се наближувате до 30-тите години тогаш смеете да ја вметнете кремата за подрачјето под очите во вашата секојдневна рутина. Одберете таква која содржи ретинол така што ќе го надокнади потребниот колаген, па затоа се препорачуваат и кремите со хијалуронска киселина кои ќе ви ја дадат потребната влажност.

30-ти – 40-ти: Во оваа доба потребно е два пати неделно да користите нежни ексфолиранти кои содржат AХA киселини. Тие го стимулираат обновувањето на кожата, и секако клучни се и кремите со заштитен фактор, антиоксиданси и витамин Ц. За ноќната нега користете крема на база на ретинол кој ќе го зголеме производството на колаген.

50-ти: Во оваа годишна доба клучен фактор за подобрување и затегнување на кожата на лицето играат производите со витамин Ц и Е, како и оние кои содржат амино киселини и протеини кои ќе ја вратат еластичноста на кожата и ќе го поттикнат нејзиното регенерирање.

Прегледи:
400
Објавено на:
24.04.2017