Категории

Кои мажи според хороскопот се најголеми романтичари

 Драги дами, доколку барате романтично момче ви советуваме да одберете некој од овие хороскопски знаци.

Тие се добри љубовници, романтични џентлмени со кои ќе уживате на состаноците…

Бик

Бикот ќе ве изненади дури и тогаш кога нема пари, бидејќи тоа што нема пари не значи дека нема манири. Тој е духовит, сентиментален, емотивен и непоправлив романтик.

Со него единствено морате да водите сметка бидејќи знае да стане посесивен. Некогаш е тврдоглав, упорен па и по малку љубоморен. Но едно е сигурно, ако барате вистински маж тогаш Бикот е идеален партнер.

Рак

Ракот е неверојатно романтичен и нежен. На прв поглед можеби не изгледа така, но секако тој има емоции кои ги крие позади својот оклоп.
Умее да ужива во долги романтични прошетки и во гледање на ѕвезди, а за вас е подготвен да направи се.

Шкорпија

Иако Шкорпијата изгледа некако рамнодушно, тој ќе ја покаже својата романтична страна дури откако ќе го освоите.

Ќе ви посвети песна, ќе ви кажува дека сте најубава на свет, ќе ви ја подари целата вечност, а вие нема да знаете што ве снашло.

Риби

Рибите се непоправливи романтичари. На нив никогаш не им е доста од нежност и љубов.

Единствена мана им е што не се доволно одлучни и упорни па нема да знаат како да ви пријдат и да ве освојат.

Со нив ќе уживате со музика, мирис на цвеќе и романтична прошетка по морскиот брег.

Неговиот глас ќе ве освои, а неговата добрина и племенитост ќе ве купи за сите времиња.

Прегледи:
465
Објавено на:
04.06.2016