Категории

Со кои мажи жените уживаат во сексот?

Според резултатите од студијата објавена во PubMed, најновото истражување покажува дека жените доживуваат поинтензивни оргазми со мажи кои имаат солидна заработка и одлична смисла за хумор, пренесува Daily Mail.

Истражувањето е спроведено од психологот Џорџ Галуп, а во него учествувале хетеросексуални студентки во врска. Галуп со своите колеги ги испрашувал за тоа колку често доживуваат оргазми и повеќе детали за нивните партнери.

Резултатите откриле дека интензитетот на оргазмот влијаел на привлечноста на мажот, колку често воделе љубов и колку сексот бил задоволителен. Оние жени чии пријателки ги оцениле нивните партнери како привлечни доживувале поинтензивни оргазми, а мажите со широки рамена имале сексуално повеќе задоволени девојки.

Оние жени кои почнале помлади да имаат секс имале повеќе партнери, доживувале повеќе оргазми и биле позадоволни во сексот.

Истражувањето покажало дека кога станува збор за достигнување на поинтензивен оргазам во предност се оние жени кои имаат духовит и самоуверен партнер кој добро заработува. Професорот Галуп додава дека во студијата се идентификувани серија психолошки карактеристики на партнерите како мотивација, интелигенција, концентрација и одлучност. Духовитите мажи имале партнерки кои почесто иницирале секс, почесто имале односи, но тие жени и почесто доживувале оргазми, додаваат истражувачите.

Прегледи:
397
Ознаки:
·
Објавено на:
29.03.2016