Категории

Кои нешта мажите ги сметаат за најнепривлечни кај жените

Социолозите пронајдоа пет универзални карактеристики кои на мажите им се одбивни кај жените.

Америчките социолози со цел да докажат што точно ги одбива мажите од жените, направија истражување во кое учествуваа голем број мажи кои беа испитани за преференциите кај жените. Им беа покажани фотографии кои ги оценуваа, а од целокупното истражување социолозите пронајдоа пет универзални карактеристики кои на мажите им се одбивни кај жените.

Нереални желби
Жените кои живеат во светот на соништата и гледаат на животот со розови очила, мажите ги сметаат за детинести. Секако дека е во ред да се сонува за филмски бакнеж и романса, но се треба да се задржи во границите на нормалата и треба да се разликуваат соништата од јавето.

Критикување
Иако добронамерниот совет е секогаш добредојден, премногу критикување на никому не му одговара. Мажите се сложија дека независните и силни жени им се доста привлечни, но тие кои ја користат маската на феминизмот со цел да ги критикуваат сите кои не се како нив, едногласно им се доста одбивни.

Високи очекувања
Постојаните барања и премногу високите очекувања без разбирање се покажаа како доста непривлечно однесување.

Неприродно однесување
Кога на фотографиите им беа покажани неколку различни жени, мажите едногласно се согласија дека жените кои позираа без насмевка и со доста студен израз на лицето им се значително поодбивни од оние кои искрено се смееле.

Форсирање брак
Поттикнувањето на женење и форсирањето на мажот на оваа одлука, многумина го нарекуваат застрашувачки потег и доста непожелен.

Прегледи:
559
Објавено на:
10.06.2020