Категории

Кои се најбараните бои за коса кај мажите оваа сезона?

Луѓето ја бојадисуваат својата коса од разни причини – мажите, бојата за коса најчесто ја користат за прикривање на седата коса и за да постигнат младешки изглед. Меѓутоа, белите влакна не се единствената причина за користење фарба за коса.

Некои мажи, користат боја за да ја осветлат темна коса, да ги затемнат светлите влакна или да ја нијансираат својата природна боја на косата. Секако, за да се добие посакуваната боја, изборот на вистинската нијанса за одредена боја на коса не е едноставен бидејќи многу лесно може да се добие непосакуван ефект доколку изборот на фарбата е погрешен. Поради таа причина, мажите не смеат да експериментираат дома со бојата на коса, неопходно е оваа обврска да ја препуштат на професионален тим во фризерски салон кој користи квалитетни брендови и најнови методи.


Оваа услуга – бојадисување на коса кај мажите, со користење на најквалитетни фарби за коса од познатиот бренд за козметички производи Керастас, ќе ја најдете во фризерскиот салон Корани ИС кој се наоѓа во склоп на хотел Руссиа. Во Корани ИС меѓу многубројните фризерски и козметички услуги кои ги нуди секој ден во неделата, се посветува големо внимание и на негата на мажите, па така меѓу другото и за совршениот изглед на бојата и фризурата кај мажите.

Ова се неколку предлози за совршена нијанса на бојата на косата кај мажите кои можеби ќе ве поттикнат да направите промена во својот изглед:

Жолта боја на коса

 

Светло кафена со нијансирани прамени

 

                                        Темно кафена боја на коса

                                        Црна коса со светли нијансирани прамени

                                          Омбре

                                               Црна боја на коса

 

Прегледи:
2144
Објавено на:
16.11.2017