Дали некогаш сте посакале да имавте моќ за читање мисли за да знаете точно што се мота низ главата на одредена личност? Сигурно најмногу би сакале да дознаете дали навистина ги мислат работите што луѓето ги кажуваат. Кога би ја знаеле вистината, тоа би ве поштедило од многу будни ноќи и потрошено време на градење бесмислени врски. За жал, не можеме да читаме мисли, но можеме да погодиме на среќа какви се мислите на некоја личност според говорот на тело или изразите на лицето. Доколку доволно добро ја познаваме личноста, нашата претпоставка во повеќето случаи е точна. Но, некогаш не сме ниту блиску до вистината, бидејќи едноставно не можеме вистински да откриеме што мисли некој само врз основа на претпоставки.
Па, како да дознаеме што мисли некој? Секогаш можеме директно да прашаме, но ни тоа не е доволна гаранција. За среќа, можеме да се обратиме на ѕвездите и да дознаеме кој е хороскопскиот знак на личноста чии мисли посакуваме да ги дознаеме. Хороскопот може да ни даде општа идеја за личните карактеристики, интереси, доблести и недостатоци на еден човек, па дури и за неговите скриени мисли. Во продолжение дознајте кои се најскриените мисли на секој хороскопски знак што никогаш не би ги изговориле на глас…
Овен
Познато е дека Овните се многу тврдоглави и амбициозни. Понекогаш знаат да бидат и малку арогантни, нетрпеливи и сакаат тие да ја имаат контролата во нивни раце.
Најскриена мисла: „Зошто на сите им треба толку многу време за да завршат проста работа?“
Бик
Биковите на прв поглед делуваат тврдоглаво, но тие само сакаат да ги прават работите на свој начин. Најважни им се лојалноста и довербата. Со нив секогаш треба да бидете флексибилни.
Најскриена мисла: „Зошто луѓето не можат да сфатат дека секогаш сум во право?“
Близнаци
Со оглед на тоа што Близнаците имаат две личности скриени во нив, тешко е да се одреди кои се нивните мисли. Во еден момент се неверојатно харизматични, а веќе во другиот делуваат далечни и незаинтересирани. Сепак, најважно им е да си поминат убаво.
Најскриена мисла: „Зошто сите се толку здодевни?“
Рак
Ракот не сака да ја открие неговата нежна и чувствителна страна, туку наместо тоа става ѕид пред себе што ретко кој може да го пробие. Раковите би требало повеќе да се отворат кон другите луѓе и да им дозволат да се грижат за нив.
Најскриена мисла: „Ќе направам сѐ што треба за да ја завршам работава.“