Категории

Кои се предностите, а кои се мааните на секој хороскопски знак?

Секој знак има свој стил на љубовна комуникација и понекогаш со зборовите и гестовите може да допринесе за развој на односот, а некогаш на истиот начин може и да го загрози.

Овен

Предности: Многу сте директни, отворени, не поднесувате манипулација и сметате дека е важно да го кажете тоа што го мислите и чувствувате. Кај вас нема сиви зони, нема табуа, а уште помалку тајни. Јасно му давате до знаење на партнерот што е важно за вас и како влијае врз вас неговото однесување.

Маани: Понекогаш поважно ви е да се изразите, отколку да го чуете туѓото мислење. Некогаш знаете и да повредите со своите зборови и не водите сметка како тие ќе влијаат врз вашиот партнер.

Бик

Предности: Комуницирате промислено и аргументирано. Многу конкретно и недвосмислено го запознавате партнерот со сопствените потреби и очекувања кои ги имате од него. Не сакате празни разговори. Комуницирате со чувства, а некогаш и со допир.

Маани: Знаете да бидете многу тврдоглави, држејќи се слепо до своите уверувања и притоа занемарувајќи го фактот дека постои и друга страна на приказната која е можеби еднакво реална како вашата. Помалку наметнувајте ја вашата вистина како единствена, обидете се да ги земете в предвид и аргументите на партнерот, признајте му дека е во право понекогаш.

Близнаци

Предности: На забавен и духовит начин го искажувате тоа што ви е важно, а вашата духовитост и лежерност се одлични алатки при исцелувањето на лутината на партнерот, како и во смалувањето на напнатоста во односот. Сакате да разменувате мисли со партнерот, а добриот разговор ви го подига и либидото.

Маани: Иако сте одлични во вербализација на своите мисли и чувства, ви недостасува талент за слушање. Одвај чекате партнерот да го каже своето, не за да чуете што има да ви каже, туку за да можете вие да ги изразите своите ставови. Токму поради тоа, другата страна некогаш има чувство дека не ја слушате што говори.

Рак

Предности: Вие гледате и слушате и повеќе од она што е изговорено. Можете да ја почувствувате состојбата на партнерот, понекогаш ги претчувствувате и неговите намери. Кога поставувате многу прашања, а малку зборувате за себе, тоа е доказ дека сте заљубени. Знаете со вашите зборови да допрете до туѓите срца, да утешите, да дадете надеж.

Маани: Не сте многу отворени, како да се плашите отворено да зборувате за своите емоции бидејќи сметате дека на тој начин би можеле да го налутите партнерот или да го загрозите складниот однос. Поради тоа премолчувате, а неискажаните ставови само се насобираат. Потоа, еден ден се случува да ви „пукне филмот“ и да настане торнадо.

Лав

Предности: Вешти сте во убедувањето. Заведувате со зборовите многу лесно, така што другата страна нема ни да знае што се случува. Знаете да ја насмеете саканата личност, да ја утешите, а кога сте заљубени сакате да ви раскаже се за себе. Вниманието кое го посветувате за партнерот е доказ дека сте заљубени во него.

Маани: Сакате да бидете во право и тешко поднесувате кога партнерот ќе ви се спротистави со контрааргументи. Тоа го доживувате лично, како напад врз вас, а не како несогласување. А каква драма знаете да направите кога саканата особа ќе ве повреди… Тогаш вашето его ја води играта.

Девица

Предности: Вие сте прилично разумна личност и сакате разумни дијалози. Многу често своите мисли ги пакувате во зборови и откако ќе ги изговорите, партнерот добива јасна слика. Не сакате игри, манипулации, цените отворени и искрени разговори.

Маани: Премногу размислувате. Премногу анализирате. Некогаш сте и премногу критични. Му замерувате на партнерот за ситници кои само за вас имаат значење. Кога сте лути знаете и да бидете многу арогантни. Не поднесувате досадни луѓе и долги препирки без конкретен завршеток.

Вага

Предности: Многу сте љубезни, сакате да угодите и затоа се сложувате со партнерот дури и кога не сте премногу воодушевени со неговиот избор. Знаете да бидете дипломати, па и итри кога ви треба нешто. Околу, наоколу па веднаш во целта – тоа е вашата девиза. Компромисот е секогаш ваша опција.

Маани: Кога доживувате неправда, никој не може да се растажи и навреди повеќе од вас. Силно ве погодува човековата грубост и неискреност. Но не се забележувате себеси дека и вие некогаш сте во улогата на манипулатор, ширејќи преголема љубезност се со цел да го добиете тоа што го сакате.

Шкорпија

Предности: Никој не може толку стручно, преку разговор да го детектира коренот на проблемот како што можете вие. Не се плашите да прашате бидејќи сте подготвени на секаков одговор. Знаете да водите многу длабоки и интензивни разговори, а понекогаш уживате и во полемики кои ве водат директно во спалната.

Маани: Ретко кој може да биде толку отровен на зборови колку вас. Најмногу затоа што ја препознавате слабата точка на другите и целите директно во неа. Не сте личност која сака компромис, не верувате во тоа. Вие играте на се или ништо, што понекогаш ве води до деструктивност.

Стрелец

Предности: Искреноста е вашата предност. Тоа што го мислите го кажувате. Не поднесувате игри и партнерот секогаш знае на што е со вас. Со своите зборови знаете да ја мотивирате другата страна и да ја поттикнете да биде продуктивна. Ги почитувате ставовите на партнерот и тогаш кога не ви одат во прилог.

Маани: Давате совети и тогаш кога тоа не се очекува од вас, кога партнерот сака само да го сослушате, гушнете и утешите. Знаете да бидете напорни кога нешто ви треба или кога мислите дека другата страна има потреба од ваша помош. Вашата искреност и „долг јазик“ некогаш знаат да повредат.

Јарец

Предности: Тоа што го зборувате секогаш има структура, смисла, доведува до некое решение. Затоа се решавате да зборувате откако добро ќе размислите. Се држите до тоа што ќе го изговорите, па поради тоа не ветувате ништо што не можете да исполните. Комуницирате одговорно и конкретно.

Маани: Некогаш сте премногу сериозни, строги, не сте од оние кои се шегуваат. Поради тоа, понекогаш на партнерот може да му биде тешко со вас, бидејќи од него барате конкретни и сериозни одговори, а знае дека доколку не успее да ги испочитува, со тоа ќе го загрози вашиот однос.

Водолија

Предности: Вашата добра страна е тоа што ги прифаќате различностите, па тоа што партнерот сака нешто различно од вас, за вас не е никаков проблем. Сакате да бидете од помош, поддршка и секогаш ќе се погрижите другите да се свесни за тоа.

Маани: Знаете да бидете неодговорни. Ќе ветите нешто и по пат веќе ќе заборавите на тоа. Не затоа што не сакате да го завршите тоа, туку едноставно заборавате.

Риби

Предности: Вашиот стил е нежен, грижлив и отмен. Вашите зборови имаат цел да ја спасат личноста која ја сакате. Знаете да ги изговорите вистинските зборови во вистинско време и да ја разгалите душата на парнерот. Како и Ракот, честопати читате меѓу редови, а кога ќе ви кажат нешто што е спротивно од вашите убедувања, намирисувате лага.

Маани: Понекогаш знаете да бидете неискрени, да премолчите нешто важно, а како вистината секогаш излегува на виделина, знаете да се најдете во неволја. Не сте од оние кои јасно изговараат што сакаат и што им пречи, така што партнерот со вас може да има големи проблеми бидејќи честопати не знае што смее, а што не смее да каже.