Категории

Кои се причините поради кои врските најчесто завршуваат?

Кога ќе дојде крајот, секогаш се сеќаваме на почетокот, зошто заврши?

Врските завршуваат во мигот кога ќе престане комуникацијата
Кога ќе престанете да зборувате за добрите и лошите нешта, кога ќе престанете да му кажувате на својот партнер колку го цените, што ве растажило, и наместо тоа ги собирате во себе сите чувства, на врската и доаѓа крајот. Врските се одржуваат на тој начин така што партнерите споделуваат се, и радост и тага, и среќа и болка, и успех и пораз.

Кога ќе престанете да си ја искажувате љубовта и наклонетоста едно кон друг
Кога мислите дека романтиката има рок на траење и дека вашата врска е толку сигурна и комфорна што е непотребно да си кажувате дека се саката, затоа што сметате дека тоа се подразбира, тогаш полека и се заканува крајот. Во мигот кога ќе го земете својот партнер здраво за готово, кога ќе престанете да му бидете благодарни што е покрај вас и што прави се за да биде таков каков што е. Врските завршуваат кога ќе ја убиете љубовта во сопствените раце, со текот на времето таа едноставно бледее.

Кога ќе престанете да се разбирате еден со друг
Кога веќе не сте тука еден за друг, кога ќе престанете да правите мали но важни нешта кои животот го прават поубав. Искрената насмевка, љубовните допири, убавите зборови. Кога ќе покажете некому дека не мора да биде сам. Врските завршуваат кога празнината меѓу вас и вашиот партнер ќе стане толку голема што имате чувство како да сте сами и кога сте покрај нив. Врските завршуваат кога ќе престанете да си недостигате еден со друг затоа што повеќе ви е драга вашата независност.

Врските завршуваат кога ќе одлучите дека не сакате да бидете ранливи
Кога не го покажувате вистинското лице кон вашиот партнер, вашите стравови, несигурност, и своите лузни. Завршуваат тогаш кога вашиот партнер ја знае само едната ваша страна, кога не му давате да го види онај нежен и чувствителен дел од вас. Оној дел кој никому не го покажувате, тој кој лесно може да биде повреден. Врските завршуваат тогаш кога ќе се плашите да му покажете колку ви треба и дека не можете да го замислите животот без него. Завршуваат кога егото станува поважно од срцето.

Прегледи:
398
Објавено на:
11.10.2019