Лав
Суетата која нема граница понекогаш знае да ви предизвика големи проблеми, така што оние поитрите упорно ќе ве освојуваат, без да знаете дека ве манипулираат. Постојано се плашите од јавно потсмевање и губење на моќта која посакувате да ви е вечно загарантирана.
Девица
Вашата слаба точка е контролата врз сите должности и обврски кои постојат. Без правилата не успевате да функционирате. Добро знаете да се грижите за блиските, но не сакате кога некој друг ви ги поставува правилата и буквално ви „соли памет.“ Тогаш се чувствувате дека сте ја изгубиле моќта и тоа ве доведува до нервен шок.
Вага
Не сакате расправии, посебно не на јавни места, па затоа се воздржувате. Сакате да ги избегнувате непријатните теми затоа што се плашите од туѓото мислење. Се трудите сами да си ја разубавите реалноста за да го избегнете стресот кој ви го предзвикуваат мислењата на семејството, пријателите и непријателите.
Скорпија
Верувале или не, љубовниот живот ви е ваша најслаба точка, без оглед на тоа што ја носите титулата на најголем заводник. Ве загрижува и физичкиот изглед и еротската моќ која ја носите, затоа што времето поминува, а тие се намалуваат. Контролата не ја губите, но нема никогаш да се помирите ако вашиот партнер ве остави за друг. Најранливи сте кога сте вљубени.