Стрелец
Иако сте снаодливи и прилагодливи, постојано се грижите некој да не ви забие нож во грбот, посебно на работно поле. Ваша слаба точка е агресивноста и насилството, исто како и однесувањето на саканата личност. Сомнителноста и внимателноста се особини кои не сакате секој да ги види, но сепак во вас се крие мал, таен детектив.
Јарец
Желни сте за промени, но сепак вашата емотивност ви е најслаба точка. Соништата кои секогаш ги имате во изобилство исто така знаат да ве загрижат доколку не успеете да ги остварите. Имате моќ да претчувствувате многу нешта и тоа често пати ве загрижува, затоа што сте суеверни, посебно кога се работи за партнерот или семејството.
Водолија
Иако на прв поглед делувате препотентно, ваш главен страв е загубата на работното место, финансиската сигурност или член на семејството. Длабоко во душата се плашите од понижување, болести и сиромаштво, за кои никогаш не сакате да зборувате. Ваша слаба точка се и домашните миленичиња, чија загуба многу тешко ја пребродувате.
Риби
Амбициозни сте и способни, па затоа се плашите од други исти како вас, односно „поголеми риби“ кои би можеле да ве проголтаат во секој момент. Мразите кога сте немоќни, слаби и незаштитени, а вашите деца и изнемоштени родители се она што ве прави посебно чувствителни.