Скорпија
Последни, ама не и најмалку перверзни. Сите барем еднаш во животот ја слушнале приказната за Скорпиите. Се зборува дека меѓу нив има најмногу сексуални зависници. Се прашувате зошто? Едноставно, тие сакаат секс и од тоа не се срамат. Каде и да се најдат тие веднаш го подигнуваат нивото на сексуални вибрации. Скорпиите доста обрнуваат внимание на изгледот и не им пречи да вложуваат во себе. Луксузна облека, добри парфеми и свилена постелнина. Тоа можете да го очекувате од нив, а покрај тоа ќе ви ја исполнат и секоја ваша фантазија. Секако, само доколку вие ги исполните нивните очекувања. Скорпиите се и супер пријатели, особено ако се со „бенефиции“.