Категории

Кои три јазици децата треба да ги научат?

Според истражувањето направено од Центарот за економско и бизнис истражување се открило дека пожелно е децата да живеат во област каде што се зборува англиски, француски, германски или мандарински јазик.

Центарот интервјуирал 2.000 родители со деца помлади од 18 години. Исто така, интервјуирале и над 500 бизнис лидери од Велика Британија. Според резултатите, 45% од родителите изјавиле дека нивното дете не зборува втор јазик, додека 19% изјавиле дека не се заинтересирани за учење нов јазик. Еден од десет родители изјавил дека на нивното дете им е премногу тешко да учи нов јазик.

Истражувањето открило дека германскиот, францускиот и мандаринскиот јазик се јазици кои децата треба да ги знаат за да ги почувствуваат придобивките за 10 години.

Прегледи:
454
Објавено на:
16.01.2018