Категории

Кои знаци најмногу патат при раскин на љубовната врска?

Не сте единствените на кои им паѓа тешко раскинот на врската… Или можеби на тоа не гледате така црно? Тоа е возможно и зависи од вашиот хороскопски знак. Проверете…

ОВЕН

Пати многу повеќе и подолго, но тоа нема никогаш вистински да го покаже. Навидум припадниците на овој знак делуваат како воопшто да не се засегнати и дека воопшто не чувствуваат љубовна болка, но вистината е дека пата неизмерно и бесконечно. Се повлекуваат во себеси и само на ретки пријатели ќе им покажат како се чувствуваат.

Како преболуваат: Кога ќе заврши “драмата”, храбро тргнуваат во нови победи, бидејќи – зошто поради една пропадната врска да остават животот да им помине?

 

БИК

Го цени мирот и угодноста на долгата врска. Вистинските бикови добро ќе размислат пред да одлучат да го прекинат односот со партнерот. Ако постои и најмала ситница која може да ја одржи врската во живот, сигурно дека нема да се одлучат за раскин на истата.

Како преболуваат: Ако се случи најлошото, многу брзо ќе влетаат во нова врска во која со сила ќе создадат мир и хармонија.

БЛИЗНАЦИ

Тие од сите знаци во Зодијакот најлесно го поднесуваат раскинот на љубовната врска. Колку и да раскажуваат дека им е тешко, тие поседуваат способност за брзо заборавање на она што им се случило.

Како преболуваат: Многу брзо после прекинот започнуваат да освојуваат нова симпатија!

Прегледи:
445
Објавено на:
27.02.2016