Категории

Кој би рекол дека наполни 58 години: Благодарение на ваквиот појадок, Мег Рајан има совршена линија!

Таа изгледа подобро од кога било..

Мег Рајан наполни 58 години, а многу помлади девојки и завидуваат на нејзиниот изглед. Многумина се прашуваат која е тајната за нејзиниот феноменален изглед, па актерката реши да открие по кои принципи се води.

 

Појадокот е задолжителен

Таа мора да појадува во рок од половина час по будењето. За појадокот, таа не води претерано грижа што јаде затоа што е секогаш во движење, па е сигурна дека ќе ги согори тие калории. Ова е оброкот во кој ужива најмногу, па затоа секогаш си угодува со изборот на храна. „Сè што сакам јадам во утринските часови“- вели таа.

Таа не е поддржувач на диети, бидејќи тие обезбедуваат само моментално решение. Изгладнувањето не може да направи ништо добро, а може значително да го наруши здравјето.

Таа се грижи за тоа што јаде во текот на денот и е многу физички активна. Секогаш кога има прилика таа пешачи наместо да патува со автомобил.

Секогаш се труди да јаде што е можно повеќе готвена храна и храна што самата ја приготвува. Онаа што е богата со витамини и есенцијални микроелементи е нејзиниот избор. За ручек и вечера, избира здрава храна со минимум калории. Стои понастрана од пржена и мрсна храна.

Таа во ништо не претерува, балансот е клучот за нејзиниот успех. Кога станува збор за тренинзи, исто така е умерена. Таа оди во тератана двапати неделно, претежно наутро.

Верува дека благодарение на обилниот појадок, успева да ја одржи идеалната линија бидејќи не е гладна во текот на денот. Покрај тоа, таа нема чувство дека се откажала од омилената храна.