Астролозите тврдат дека секој хороскопски знак е благословен со некој посебен детаљ кога станува збор за физичкиот изглед!
Овен – Овој знак честопати има преубави веѓи – дел од припадниците на овој знак поради нив делуваат бестрашни, а другите имаат заводливо невин израз на лицето.
Бик – Многу често, Биковите имаат исклучително убави усни.
Близнаци – Вие сте благословени со прекрасен тен, затоа секогаш сјаете и привлекувате внимание дури и кога се наоѓате меѓу многу луѓе. Долго време го задржувате младоликиот изглед.
Рак – Иако Ракот го „крие“ својот стомак, астролозите велат дека токму припадниците на овој знак секогаш имаат убав стомак, дури и кога не е потполно рамен.
Лав – Убавата коса е заштитен знак, по неа секогаш ве препознаваат.
Девица – Имате многу чиста кожа, како на лицето, така и на телото и затоа потребна е најдобра нега.
Вага – Вие имате многу привлечна позадина, па затоа никој не останува рамнодушен на вашето движење.
Шкорпија – Вообичаените ерогени зони се вашиот најсилен естетски адут.
Стрелец – На вас најубави се рамениците и грбот – бирајте фустани и блузи преку кои ќе доаѓаат до израз.
Јарец – Вие сте создадени за мини фустани и здолништа – нозете ви се прекрасно обликувани.
Водолија – Создадени сте за фетишисти – стапалата ви се обликувани така што би можеле да им бидете модел на вајарите.
Риби – Ова е знак во хороскопот кој има најубави очи и тоа е нешто што сигурно ќе го забележите веднаш на нив.