Категории

Кој ден е добар за нов заеднички живот, а во кој не треба да се прејадувате?

Секој ден во неделата му припаѓа на некоја планета. Според енергијата со која владее секоја од нив, дознајте во кој ден е најдобро да се започне со изградба на куќа, за започнување на заеднички живот или најповолен за работни одлуки.

Понеделник

На англиски Monday – денот на месечината. Месечината е владетел на понеделникот, затоа и повеќето луѓе имаат променливото расположение на почетокот на неделата. Идеален е за сите родени во знакот на Рак за планирање на големи деловни потфати, декорација на домот, купување недвижен имот и почнување на диета.

Вторник

Со овој ден владее Марс, затоа треба да бидете активни, да тренирате, да спортувате, да носите одлуки ако сте менаџер, и да се избегнуваат недоразбирања и конфликти. Ова е одличен ден за Овните, донекаде и за Скорпиите, но исто така и за почеток на судење, некоја истрага и пронаоѓање на вистинити факти и податоци.

Сите, без оглед на знакот, енергијата што ја чувствувате во вторник не смеете да ја трошите на залудни расправии и деструктивни работи, туку да бидете вредни, па добрите резултати ќе ве следат. Не е добар дена за почеток на заедничко живеење или брак, бидејќи носи многу кавги и несогласувања.

Среда

Денот на Меркур, ден на комуникацијата, учењето, образованието и кратките патувања. Пишувајте ги молбите, понудите, CV за работа и праќајте ги исто така во среда. Контактирајте со сите што можат да ви дадат совет, бидејќи тој ден сигурно ќе ви кажат нешто мудро.

Зборувајте со децата и младите во среда, особено ако имате проблеми со нив, бидејќи ќе успеете да воспоставите подобра комуникација и поквалитетен разговор. Посовеувајте се со советник во врска со било кој проблем, бидејќи е одличен ден за тоа. Договорете важни состаноци и тргувајте, рекламирајте ги своите производи.

Четврток

Со овој ден владее Јупитер, планетата на растот и експанзијата. Ако купувате нешто крупно, како стан, куќа, автомобил, почнете да барате во четврток. Можете да хуманитарна акција или да побарате совет од правници и адвокати.

Добар ден за молитва, почеток за учење на странски јазик или за носење на одлука да патувате во странство. Само, не го трошете четврток на хедонистичко уживање, претерување во храна, пијалок и шопинг, особено ако сте на потенцијален купохоличар.

Петок

Емотивен ден со кој владее Венера, совршен за вљубување, брак, почеток на заедничко живеење, запросување, пишување љубовни пораки. Добар ден за сите уметници и дипломати, кои треба да бидат особено активни.

Одличен ден за гинеколошки преглед, решавање на било какви женски проблеми. Купување на облека, обувки, посета на фризер и козметичар. Убав ден за пласирање на нови идеи и преговори за креативни подвизи. Не е добар ден за почеток на диети, затоа што не дава резултати.

Сабота

Посетете ги родителите, бидејќи со саботата владее Сатурн, планетата која нè поврзува со корените и потеклото. Поклонете им на постарите или на сиромашните нешто што сакате. Одете на планина. Тоа е добар ден да си споменете на починатите (не е случајно што токму во сабота за православните верници е Задушница).

Добро е да се прават албуми, фотографии и работи со семејството. Ова е одличен ден за археолозите, рударите, геолозите, кои важните работи треба да ги почнуваат во сабота. Не е добар ден да се започне со изградба на куќа, но е добар за реставрација на стари куќи.

Недела

Повторно, на англиски име sunday или сончев ден, ден со кој владее Сонцето. Договорите со сопругот или таткото се секогаш успешни во недела. Почеток за плаирање на работи, осмислување на кампањи, како маркетиншки, така и политички. Одличен ден за донесување на правила за работата, но и за куќниот ред.

Ако сакате унапредување, организирајте ручек, неформален состанок со одговорните и нема да зажалите. Најдобар ден за сите собири и настани, за говори и јавни настапи.

Прегледи:
710
Ознаки:
· ·
Објавено на:
13.06.2017