Категории

Кој е најстилизираниот маж во 2016 година?

Тениската легенда Роџер Федерер беше избран за “Најстилски маж на годината”. Швајцарскиот маестро е познат по демонстрациите на стил во играта на теренот, но покажува одличен талент и во начинот на облекување.

Федерер додаде нова титула во импресивна колекција од достигнувања, откако беше избран за “Најстилски маж на годината” во рангирањето на магазинот GQ. Носителот на 17 титули од Гренд слем се избори со актерот од “Тор” Тим Хидлстон,а за него читателите гласале со над 61%.

-Никогаш не сме се сомневале дека Роџер е елегантен човек, а тоа се докажува на категоричен начин, откако за него гласале толку многу луѓе, изјавија од списанието.

Прегледи:
338
Објавено на:
25.12.2016