Категории

Со кој хороскопски знак да тргнете на патување?

Дали подготвувањето за на пат ви претставува задоволство или дополнителен стрес? Прочитајте кој хороскопски знак ви е идеален сопатник?

Овен

Натпреварувачкиот дух на Овенот секогаш го поттикнува да биде најдобар, па приликата за патување ја користи за да покаже кој е најбрз возач. Тие се горди сопственици на спортски автомобили во кои некако успеваат да го соберат целото семејство, а на секој член им се дозволени работи до половина куфер. Овенот е возач кој редовно престигнува автомобили на полна линија, поминува на црвено светло, а кога ќе направи некаков сообраќаен прекршок, тогаш е гласен и се расправа како сите да се виновни освен тој/таа.

Идеален сопатник: Лав. Овните и Лавовите сакаат брзи автомобили кои привлекуваат внимание, па затоа единствено Лавот ќе биде горд што Овенот ги престигнал сите автомобили кои не биле ни свесни дека се тркаат.

Бик

Биковите не сакаат никаде да брзаат, па затоа полека се спремаат за на пат, што ги доведува останатите сопатници до лудило. Нив им се важни сигурноста и комфорот, па обично поседуваат големи автомобили, по можност караван во кој може да се спакуваат повеќе лежалки за на плажа, душеци, но и храна. Биковите се совесни возачи.

Идеален сопатник: Рак. Овие двајца хедонисти ќе го посетат секој ресторан на кој ќе наидат, а до дестинацијата ќе стигнат со задоцнување од два дена и пет килограми повеќе.

Близнаци

Близнаците се пакуваат пет минути пред тргнување на пат, па затоа редовно забораваат нешто, обично од голема важност. Немојте никогаш да им ги доверите клучевите, пасошот, картите или други важни работи затоа што сигурно ќе ги заборават или загубат. На пат обично тргнуваат без лична карта или возачка дозвола. Близнаците се нервозни возачи и немаат мир во автомобилот, па често разговараат на телефон или преминуваат од една лента во друга. На паузите при патувањето или на автобуски и железнички станици тие често започнуваат опуштен разговор со непознати кога сфаќаат дека ќе им биде поинтересно таму каде што одат тие, па затоа не е реткост во последен момент да го сменат планот и да заминат на друго место.

Идеален сопатник: Водолија. Овие авантуристички личности ќе уживаат во динамичното патување, а по пат до нивната дестинација ќе запознаат голем број луѓе.

Рак

За Раковите, одењето на море е идеална прилика за да гледаат преубави пејзажи по пат. Тие никогаш не одат по автопати, туку и на најголемите жештини ги малтретираат сопатниците да одат по стари патишта со цел да ја доживеат магијата на местото во кое се наоѓаат. Ако ви се брза за на море, никогаш не патувајте со Раковите, затоа што не е реткост тие да стигнат до дестинацијата после неколку дена од закажаното. Како возачи, тие се внимателни и бавни.

Идеален сопатник: Бик. Единствено, трпеливиот Бик нема да има проблеми со инсистирањето на Ракот да застануваат на секои пет километри. Ракот ќе се восхитува на пејзажот, а Бикот ќе ужива во рестораните.

Лав

Кога Лавот тргнува на пат, подготовките започнуваат неколку недели порано. Лавот оди на шопинг по најмодерната облека, накит и чевли. Вложува многу во изгледот, па често е горд сопственик на најубавиот автомобил на патот. Често се „прави важен“ и претекнува помали и побавни автомобили.

Идеален сопатник: Вага. Овие два знаци сакаат да се прават важни, па заедно ќе уживаат во најелегантниот автомобил додека предизвикуваат завист кај другите возачи.

Девица

Кај Девиците повеќето работи кои ги носат со себе се сведуваат на лекови и медицински помагала. Тука се разните апчиња и сирупи во случај да ги заболи глава, грло, уво, рамо, а не пропуштаат да понесат топломер и апарат за мерење притисок затоа што сепак летните денови се жешки. Со себе носат и огромни количини на течности, здрава, но ни малку вкусна храна која ќе им даде доволно енергија за време на стресното патување. Поради многуте лекови не им останува многу место за останатите работи, па со себе главно носат практична облека која можат лесно и добро да ја комбинираат. По пат се внимателни, но нивната нервоза ги прави несигурни возачи.

Идеален сопатник: Јарец. Тие се неверојатно внимателни, па ќе уживаат во обостраната потреба за безбедно стигнување до посаканото место.

Вага

Кај Вагите подготовката за на пат трае со денови, а со себе носат неколку куфери полни со облека. Како што се неодлучни, имаат облека секој ден да носат барем по три различни комбинации, како и многу чевли и козметика која „можеби“ ќе им затреба. Ако патувате со Вага, не очекувајте многу место во автомобилот, па затоа понесете четка за заби, неколку маици и едни бермуди. Автомобилот на Вагата мора пред сè да е елегантен и убав. Самата сигурност и техничкиот квалитет се помалку важни. Во сообраќајот се фини и пристојни, но постојано гледаат во ретровизорот – жените ја поправаат шминката, а мажите се восхитуваат на својата неодолива насмевка.

Идеален сопатник: Лав. По пат ќе предизвикуваат љубомора кај останатите возачи, а ќе престојуваат на најлуксузните места каде што ќе можат да се почестат со скапи јадења и пијалаци.

Скорпија

Скорпиите на пат со себе секогаш понесуваат само најосновни работи, а истото го очекуваат и од луѓето кои патуваат со нив. Не се подготвуваат посебно за на пат, но кога ќе тргнат, сè мора да е по нивно. Тие ги знаат сите кратенки преку кои ќе „стигнете“ побрзо до дестинацијата, но често знаат да се изгубат и да стигнат последни, а доколку некој друг направи дури и најмал прекршок, веднаш губат живци.

Идеален сопатник: Никој. Скорпиите најмногу сакаат да патуваат сами, па сите останати им преставуваат пречка.

Стрелец

Стрелците обожуваат патувања, а преферираат патувања во џип или во комбе за да има место за повеќе луѓе. Ако тргнувате на пат со Стрелец, тогаш да знаете дека нема спиење. Тие се најсреќни кога се опкружени со повеќе луѓе, па затоа во автомобилот се иницијатори на друштвени игри, свирки, пеење, дури и ако никој не е расположен за тоа. Без размислување застануваат на автостопери со кои веднаш се спријателуваат.

Идеален сопатник: Водолија. Тие толку добро ќе се забавуваат по пат што патувањето ќе им биде позабавно отколку самото летување.

Јарец

Јарците ја мразат секоја промена, па тргнувањето на пат со нив е кошмар. Пред да тргнат на пат, нивните подготовки траат со недели. Еден месец порано одат да го направат првиот преглед на автомобилот, да ги заменат или проверат гумите и да ја набават целата опрема и алат за во случај на дефект на автомобилот. Кога ќе дојде денот за тргнување, тие заминуваат барем 3 саати порано со цел да ја избегнат гужвата. Пред да заминат на пат го повторуваат целиот процес, а на бензинска пумпа поминуваат барем 2 саати во мерење на гумите, менување на маслото, како и полнење вода. Јарците возат внимателно и по правилата. На секој час застануваат за чај или кафе, а за време на возењето не поднесуваат никаков разговор и попречување.

Идеален сопатник: Девица. Девиците ја одобруваат внимателноста на Јарците и нивниот сериозен пристап кон тргнувањето на пат, затоа што ни сами не поднесуваат никакви отстапувања од зацртаниот план, па сакаат да бидат подготвени за сите можни проблеми.

Водолија

На Водолиите не им е важно каде одат туку со кого. Сакаат да запознаваат нови луѓе, па без многу размислување ги покануваат во автомобилот. Често отстапуваат од патот по кој тргнале и завршуваат на потполно друго место, што е нормално за овој знак на самостојност и слободен дух. Со Водолиите секогаш очекувајте го неочекуваното. Тие имаат големо комбе во кое се пее, се игра и се забавува. На пат се опасни исто колку што се непредвидливи, некогаш можат да бидат највнимателни возачи, а некогаш да се толку нервозни што нечија најмала грешка може да ги наведе да пцујат и да се расправаат.

Идеален сопатник: Стрелец. Овие два знака, хипици во душа, сакаат да се дружат и да се забавуваат, а патувањето на море е идеална прилика да стекнат нови искуства. Ги сакаат непредвидливите околности, затоа секое нивно патување се претвора во единствено доживување.

Риби

Рибите се толку збунети што не знаат ни да се спакуваат како што треба. Со себе носат три куфери во кои нема ништо корисно и влечкаат работи кои никогаш нема да ги употребат, но затоа редовно го забораваат својот паричник или документите или полначот за мобилен. Секогаш доцнат, а со тоа ги полудуваат луѓето со кои патуваат. Нивниот автомобил е секогаш во таква состојба што само тие знаат да се снајдат, затоа што менувачот се повлекува на еден начин, а вратата се затвора на друг начин. Не е реткост да заборават да стават гориво или да променат масло во автомобилот. Откако ќе стигнат до посакуваното место, со задоцнување од 3 дена, нивните сопатници се толку изморени од патувањето што целиот одмор го користат само за да се одморат од тоа.

Идеален сопатник: Рак. Трпеливиот Рак никаде не се брза, па затоа задоцнувањето на Рибата нема тешко да го прифати, а заедно ќе застануваат на пат за да се восхитуваат на природата и со фотоапаратот да го забележат секој детаљ, за после тоа да го покажуваат на пријателите, сакале тие или не.

Прегледи:
359
Објавено на:
16.04.2017