Стојат цврсто на земја, го сакаат она што е постојано и опипливо, фантазирањето не е за нив, затоа што ја сакаат практичноста. Никогаш не веруваат во слатките зборови, илузиите и фантазиите.
Зборуваме за Биковите.
Добри се и верни пријатели и партнери, но истата лојалност ја бараат и од спротивната страна.
А, ако некој ги изневери? Тогаш бурно реагираат. Ако се уверени дека некој намерно ги повредил и ја злоупотребил нивната добра намера, тоа никогаш нема да му го простат затоа што се злопамтила.
Љубовта игра голема улога во нивниот живот. За нив љубовта е синоним за страсти, бури и романтики, вечност и уживање.
Бидејќи Биковите се материјалисти, претежно ги привлекува добриот изглед. Она што се крие во внатрешноста, го откриваат подоцна.
Иако не сакаат да покажуваат емоции во јавност, претерано се љубоморни и посесивни. Не поднесуваат присутност на друга жена или маж, па дури и тоа да е некој пријател/ка од детството.
Во таа борба со љубомората се вешти и плетат мрежа околу саканата личност со која ги одбиваат сите потенцијални опасности.
А, ако партнерот сепак се реши за изневерување? Враќаат жестоко, пред неговите очи.