Категории

Кој хороскопски знак најдобро се бакнува?

Иако некој совршено ви одговара, кога е во прашање бакнувањето, тоа не значи дека ќе имате совршена врска.

Во прилог прочитајте кој хороскопски знак како се бакнува и одберете си го оној по ваша мера.

ОВЕН

Енергични и силни, Овновите се водени од планетата Марс, а ако Марс нешто знае тоа е да ги подигне температурите. Овенот умее да ја канализира целата своја енергија во еден жежок бакнеж. Ако сте во врска со Овен тогаш редовно доживувате огномети.

БИК

Лесно, сензуално и цврсто, тоа е Бикот, и токму затоа врските му траат многу подолго од на останатите знаци. Втора причина е начинот на кој ве допира за рака кога сака да ве бакне. Со Бикот се е романтика.

БЛИЗНАЦИ

Ако сте му интересни и весели тогаш сте по мера на Близнаците. Но прво треба да му го привлечете вниманието. Процесот оди вака: прво погледнете го и насмевнете му се, потоа кажете му нешто шармантно. Близнаците сакаат луѓе со кои можат да одржуваат конверзација. И за крај е бакнежот, ако сте брзи, секси и забавни тој ќе сака да се бакнува до бесвест. Ако ве одбие, тогаш сте ја зезнале работата.

РАК

Раковите се топли и брутално искрени. Ја сакаат семејната атмосфера. Кога ќе ве бакнува ракот верувајте нема да остане само на еден бакнеж.

ЛАВ

Со Лавот е како да сте постојано на натпревар. Ако ви се допаѓа некој Лав тогаш знајте дека не сте единствена на ред за бакнеж. Ќе победите само ако максимално се потрудите и му ги покажете вашите чувства.

ДЕВИЦА

Девиците мразат нечистотија, неорганизираност и хаотично опкружување, така да потрудете се да бидете совршена за да Девицата може да се опушти и да ве бакне. Потрудете се бакнежот да биде нежен и чист.

ВАГА

Вагите се едни од најромантичните знаци на зодијакот. Тие живеат за да ги задоволат другите. Но истото го бараат за возврат. Излезете со Вагата на романтичен состанок и понудете му го најромантичниот и најстраствен бакнеж, ќе ви возврати со иста мера.

ШКОРПИЈА

Шкорпијата може да се опише со еден збор, а тоа е страст и тоа во било кој временски период на денот. Па можете да замислите што ќе се случи кога ќе застане лице во лице со личност која и се допаѓа. Шкорпијата не може да не ве бакне. И секако тоа чувство ќе ви остане во памтењето многу години.

СТРЕЛЕЦ

Стрелецот секогаш сака повеќе, особено кога се во прашање бакнежите. Па затоа ако сакате бакнеж од некој Стрелец лесно ќе го добиете. Но потрудете се да биде незаборавно бидејќи во спротивно лесно ќе ве заборави.

ЈАРЕЦ

Јарците се многу тешки кога е во прашање романсата, но не е невозможна мисија. Потребно ви е трпение. Подгответе го добро теренот, но верувајте ќе биде вредно она што ќе го добиете. Бакнежот нека биде елегантен, профинет и секси.

ВОДОЛИЈА

Водолиите се ексцентрични но сепак се неупадливи кога е во прашање романтиката. Водолиите не се врзуваат се додека не ја најдат вистинската личност. Тие сакаат изненадни, страстни и долги бакнежи. Ако сте подготвени за предизвик пријдете им и бакнете ги.

РИБИ

Во умот на Рибите првиот чекор кон тоа дали ќе ви дозволи да му се приближите или не зависи од тоа дали му е пријатно во ваше присуство. Тоа неретко има врска со тоа како мирисате. Пред да им пријдете на Рибите, потрудете се добро да мирисате но не пренападно. Бакнежот нека биде нежен и мекан и полека впловете во романса со овој чувствителен и романтичен знак.

Прегледи:
750
Ознаки:
Објавено на:
16.02.2016