Категории

Кој хороскпски знак најлесно се заљубува?

Што мислите, да ли е тоа непослушниот Близнак или романтичниот Рак? Иако хороскопот не е пресуден, ѕвездите ги откриваат сите карактеристики на хороскопските знаци, па дознајте во која група на знаци се кријат најверните и најлојални партнери!

Огнени знаци

Како што веќе претпоставивте личностите родени ви знаци на Овен, Лав и Стрелец, брзо се заљубуваат, а уште побрзо заведуваат, но брзо и се оладуваат. Ако некоја личност им се допадне, спремни се за акција и авантура, но тоа не значи дека се промискуатетни. Баш спротивно, спремни се за долги и сериозни врски! Единствен проблем кај нив е што тешко може да го задржите нивното внимание, бидејќи имаат обожаватели на секој чекор! Имајте на ум дека на огнените знаци не смеете да им ја ограничувате слободата, и морате да им дозволите да бидат свои!

Воздушни знаци

Близнаци, Вага и Водолија не веруваат на љубов на прв поглед! Пред да го подарат своето срце на некого, добро ќе ја анализираат и кога ќе бидат сигурни дека таа личност е за нив, ќе се опуштат и ќе ја испорачаат картата за нивниот свет! Тие се тие кои прават „за и против“ листи, за да тргнат во акција. Поради тоа овие знакци делуваат ладно и незаинтересирано во однос со другите знаци. Исто така интелигенцијата и шармот им се поважни од физичкиот изглед!

Знаци на земјата

За Девицата, Бикот и Јарецот, стабилноста е една од најважните работи, поради тоа секогаш ќе бидат искрени пред своите партнери. Наклонети се кон претерани анализи и критички размислувања и во се ќе најдат маана. Бавно се заљубуват и не треба да се присилуваат да се одлучат. Тешко се менуваат, не се спремни на компромис, туку бараат од другите да им се прилагодат.

Водени знаци

Рак, Шкорпија и Риби лесно се заљубуваат и нема да им биде тешко на некого да му го подарат своето срце. Единствено што го бараат од својот партнер е верност и внимание во голема количина. Не простуваат лесно ( особено Шкорпијата) и до колку се играте со нивните чувства, троструко ќе ви вратат!

Прегледи:
531
Објавено на:
22.05.2016