Категории

Кој мисли дека е среќен- тој е навистина среќен! Најубави мисли за среќата!

Среќата и успехот често се употребуваат како два слични поими, меѓутоа тие се сосема различни. Успехот има некоја своја улога во среќата, но не на начинот на кој многумина мислат. Успехот е едно од многуте постигнувања, а среќата е единствено постигнување.

Успехот треба да дојде како резултат на среќата, а не обратно. Среќата треба да биде тука и кога успехот не е. Кога се друго ќе тргне наопаку, среќата сеуште треба да биде присутна. Таа е единствениот вистински одговор на се, затоа што успехот најлесно доаѓа кога си среќен. Успехот можеби се доживува како цел, но среќата е пат без кој сите би се изгубиле. Прочитајте што кажале луѓето за среќата.

Мораш да се навикнеш на мала тага во животот. Нема да знаеш што е вистинска среќа,ако немаш со што да ја споредиш. – Паоло Коелјо

Кој мисли дека е среќен, тој е навистина среќен. – Јован Дучиќ

Среќата е како палата од бајките која ја чуваат змејови. Мора да се бориме за да ја освоиме. – Александар Дима

Кој е среќен – не му е потребно ништо друго. – Матија Бецковиќ

Среќата не е случајна, а не е ни нешто кое треба да се посакува. Среќата е нешто кое сами го создаваме. – Џим Рон

Само тој кој е среќен може да шири среќа околу себе. – Паоло Коелјо

Никогаш немој да дозволиш да сретнеш некој кој откако ќе си замине нема да биде среќен.- Мајка Тереза

Успех е да го добиеме тоа кое го сакаме. Среќа е да го сакаме тоа кое го добиваме. – Дејл Карнеги

Прегледи:
759
Објавено на:
15.03.2019