Категории

Кој сака хорор, а кој љубовни филмови? Хороскопските знаци го откриваат вашиот филмски вкус

Зошто некој сака љубовни, а некој хорор филмови? Можеби одговорот лежи во хороскопскиот знак во кој е личноста родена.

Овенот го обожава Стивен Сигал, Жан Клод Ван Дам, Чак Норис и нивните акциони филмови. Како мал бил голем обожавател на Нинџа Желки. Омилени филмови му се „Рамбо“, „Во орловото гнездо“ и „Американски нинџа“.

Бикот сака топли и емотивни филмски приказни кои се базирани на вистински случки. Не е љубител на акциони филмови и хорори, но со задоволство ќе погледнат добар трилер, како и мјузикл или лесни комедии. Омилени филмови им се „Џулија и Џулија“, „Заљубениот Шекспир“ и „Девојката со бисерната обетка“.

Близнаците сакаат возбудливи и динамични филмови. Ужива во духовити комедии и забавни филмови. Сакаат филмови чие сценарио се базира врз адаптација на книга. Сакаат биографски филмови, актери и политичари. Омилени филмови им се „Ени Хол“, „Летачкиот циркус на Монти Пајтон“, „Боемска рапсодија“.

Ракот најмногу сака љубовни приказни со среќен крај. Љубители се на семејните и историски драми. Секако, и тие мора да бидат со среќен крај. Омилени филмови им се: „Ромео и Јулија“, „Крамер против Крамер“, „Однесено со виорот“, „Време на нежност“.

Лавот ужива во приказните за кралеви и принцези. Љубители се и на анимираните филмови поради хуморот и животните пораки. Обожаваат филмови за Џејмс Бонс и Хенри VIII, а од цртани филмови омилен им е „La Linea“.

Девиците сакаат филмови кои поттикнуваат на размислување, а тие се секогаш првите кои сфаќаат кој е убиецот, но и кои наоѓаат грешки. Нивните омилени јунаци се детективи. Сакаат да гледаат и документарни филмови за вистински настани, како и приказни за домашни миленичиња. Омилени филмови им се „Марли и јас“ и „Хачико“.

Вагата обожава романтични комедии и приказни од судниците со среќен крај. Десетина пати го гледале „Валканиот танц“, „Ерин Брокович“ и „Убава жена“.

Шкорпиите обожаваат хорор и црн хорор. Нивните омилени јунаци се Монтипајтон и Црни Груја. Сакаат и возбудливи трилери и најголеми фанови се на „Кум“ и „фатална привлечност“. На нивната листа на најомилени филмови се наоѓаат „Врисок“, „Ноќта на живи мртовци“ и „Фатална привлечност“.

Стрелецот, кој е авантурист во душа, сака токму такви филмови, со многу страст и возбуда. Сакаат филмови кои опишуваат патување, дружење и невообичаени настани кои некому го променуваат животот. Најдраги филмови им се „Робинзон Крусо“, „Лов на зелени дијаманти“, „Индијана Џонс“.

Јарецот гледа исклучиво реалистички филмови за успехот, пари, моќ и војна. Љубител е на стари филмови со Џон Вејн, Џејмс Стјуард и Џек Лемон. Омилени филмови им се „Вол Стрит“, „Добар, лош, злобен“.

Водолијата сака „изопачени“ и необични филмови. Склони се кон истражување и знаат да пронајдат одлични филмови од мали европски или од азиските земји. Љубители се на научна фантастика и „Ѕвездени патеки“. Најдраги филмови им се „Бунтовник без причина“, „Е.Т“, „Побуна на бродот Баунти“.

Рибите сакат љубовни филмови на кои можат да се исплачат. „Титаник“ им е еден од омилените филмови. Но, сакаат и научна фантастика и авантуристички филмови. Омилени филмови им се „Господар на прстените“, „Хари Потер“ и „Бессони во Сиетл“.