Категории

Кој стоеше зад камерата кога Шерон Стоун прекрстуваше нозе без гаќички?

Сите оние кои го имаат гледано филмот „Основен инстинкт“ добро се сеќаваат на фамозната сцена со Шерон Стоун, во која таа го одвлекува вниманието на полициските инспектори со своето голо меѓуножје.

Сигурно досега сте се запрашале како ли само изгледа снимање на една така провокативна сцена? Многу полесно отколку што може да претпоставите бидејќи како што вели режисерот, Пол Верховен, мажите во сцената воопшто не биле присутни кога Шерон ја снимала истата.

Во суштина познатото прекрстување нозе е снимено во два дела. Најпрвин била снимена машката реакција, а дури потоа Стоун го снимала разголениот дел и тоа во присуство на само неколку луѓе.

saron-bez2

Интересен е и фактот дека оваа сцена воопшто не била во сценариото на филмот. Режисерот дошол на идеја да ја сними сцената откако за време на една забава запознал жена која не носела долна облека. Ефектот кој го имала таа врз мажите околу неа бил едноставно фасцинантен, па Верховен решил да го искористи тоа на филмското платно.

Сепак, Шерон Стоун долго време му беше лута токму поради оваа сцена бидејќи ја излажал дека во финалната верзија од филмот ќе употреби подискретни кадри.

Прегледи:
609
Објавено на:
28.10.2016