Категории

Кој тип на заводничка сте вие?

Замислете сцена – Вие сте на плажа, се сончате, а кон вас чекори згодно момче кое веќе извесно време го набљудувате под очилата за сонце.

Што ќе направите кога тој ќе ви се доближи:

А) ќе се насмевнете и ќе го замолите да ви го намачка грбот со средство за заштита од сонце или под Б) ќе се насмевнете и ќе продолжите да читате книга.

Постојат многу начини на заведување, а кој и да го одберете не е погрешен.

Но секој стил на заведување има свои слаби страни па затоа за секој од нив ви наведуваме упатство како да ја избегнете опасноста.

# Физичка заводничка

Ова е најочигледниот начин на заведување, но тоа не значи дека тие се подобри од останатите. Оваа стратегија некогаш успева, а некогаш не.
Овој тип на заводнички “пленот“ го заведуваат со говорот на телото и не се плашат отворено да ги покажат своите чувства.
Опасна зона е таа што ако припаѓате на овој тип на заводнички тогаш партнерот за вас е објект на желба. Затоа ако барате сериозна врска бидете внимателни тој да не помисли дека го доживувате како “играчка“.

# Пристојна заводничка

Пристојната заводничка има конзервативни сфаќања и новото момче тешко дека ќе го запознае во клуб, на неа најинтересен и пријателот на пријателот. Овој тип на заведување е внимателен бидејќи таа не сака да остави впечаток дека многу се труди.
Опасна зона е тоа што овие дами заведуваат како нинџи, нечујно па постои можност ни нивната “жртва“ тоа да не го забележи.

# Разиграна заводничка

Таа заведувањето го доживува како игра. Симпатична е и сака да се дружи и да им се допадне на луѓето. Овие заводнички не веруваат дека треба само да заведувате само кога сакате сериозна врска, тоа го прават поради самиот чин на заведување.
Опасна зона е тоа што поради нивната природа на заведување ќе го заведат секој кој малку им се допаѓа, па потешко оставаат место за сериозна врска.

# Искрена заводничка

Овој тип на заводничка сака да воспостави емоционална врска и знае дека тоа ќе го постигне ако на потенцијалниот партнер му раскажува за себе, па на тој начин да го натера и тој да и се отвори. За овој стил на заведување карактеристична е желбата да ја сруши фасадата на партнерот за подобро да го запознае.
Опасна зона е тоа што и покрај најдобрите намери опасно е да откривате премногу работи за себе толку брзо. Исто така треба да знаете дека човекот со кој излегувате не е психолог и дека повеќето луѓе на почетокот не сакаат да слушаат за вашите проблеми.

# Традиционална заводничка

Идејата која е ѕвезда водилка на оваа заводничка е дека мажот мора да го направи првиот чекор и дека дамата не смее да го “брка“ човекот кој и се допаѓа. Од традиционалната заводничка можат да се слушнат изјави од типот : “Кога излегуваме, мажот плаќа за се“ или “Заслужувам да ме разгали“, а има и такви од типот “Агресивните жени се промискуитетни“.
Опасна зона е тоа што заводничките од овој тип можат да имаат потешкотии во привлекувањето на мажите бидејќи се пасивни.

Прегледи:
672
Категории:
Занимливости
Објавено на:
02.02.2016