Категории

Кој ви е непријател според хороскопскиот знак

Овен

Скорпија. Вие го мразите секој што не е директен. И вие и Скорпијата сте агресивни, но на многу различен начин. Не можете да го разберете однесувањето на Скорпијата, а ова ве прави гневни.

Бик

Близнаци. Не ви е јасно како Близнаците се толку луди. Тие се навистина непредвидливи, а ова ве плаши. Нивната неодлучност е особина која најмногу ја мразите. Секогаш се обидувате да се држите настрана од нив.

Близнаци

Јарец. Вие зборувате премногу, а Јарецот никогаш не се ни обидува да ве слушне. Вие не поднесувате луѓе кои мислат дека знаат сè. И никогаш не го слушате Јарецот бидејќи ви е навистина здодевен.

Рак

Стрелец. Стрелците се вашиот неверен бивш партнер кому многу сте му се посветиле. Но, изгледа дека судбината на Стрелецот е да го повреди Ракот, а ова ве прави вечни непријатели. Ракот тешко преболува, а Стрелецот многу брзо заборава. Па, оваа омраза е еднострана.

Лав

Девица. Оваа борба за моќ никогаш не завршува добро. Вие сакате слепи следбеници, додека Девицата сака сè да биде совршено. Тие ви поставуваат премногу прашања и токму поради ова ги презирате.

Стрелец

Бик. Не ви е јасно како некој може да биде толку здодевен и мрзлив. Бикот е спротивното од сите ваши вредности. Ако не ве возбудуваат, не сакате да си имате работа со нив. За вас Биковите се пречка на патот која треба да ја избегнете.

Девица

Рак. Раковите се премногу невнимателни, а тоа ве полудува. Тие очигледно го следат своето срце а не својот ум, а ова според вас е навистина глупаво. Вие го мразите секој неред кој не можат да го исчистат и не сакате да си имате работа со нив.

Скорпија

Терезија. Според вас, Терезиите постојано кријат нешто. Тие имаат однесување кое ве збунува. Ако имаат некаква длабочина, вие секогаш се прашувате дали е добра или не. Вие мразите неискрени и лажни луѓе, па навистина сакате да им го загрозите животот.

Терезија

Водолија. Водолиите се вашите пријатели и непријатели. Вие би можеле да бидете пријатели, но не поднесувате некој што може да биде толку ладен. Вие сакате да ви се восхитуваат, а Водолијата никогаш нема да го направи тоа за вас. Вие ќе се обидувате да ја придобиете Водолијата, но истовремено и ќе ви се гади од неа.

Водолија

Лав. Лавовите се алфа, а вие не можете да го поднесете тоа. Вие мразите што Лавот секогаш се обидува да биде главен во секоја ситуација, и искрено сметате дека го преценуваат. Мислите дека вие сте супериорни во споредба со него, но вистинита е дека сте многу слични.

Јарец

Риби. Вие никако не можете да разберете што мислат Рибите. Не ви е јасно нивното сонување и идеализмот. Според вас тие никогаш не завршуваат ништо и се потполно бескорисни.

Риби

Овен. Вам ве засегаат многу малку работи. Но, единственото нешто кое навистина ви оди на нерви се агресивни и злобни луѓе. Однесувањето на Овенот е единственото нешто што може да ве натера да се расправате.

извор:прес24

 

Прегледи:
352
Објавено на:
15.09.2017