Категории

Која боја ќе ја одбележи оваа сезона?

Оваа топла сезона во екот на трендовите се враќа бојата која долго стоеше во сенката на предрасудите како боја која можат да ја носат само малите девојчиња. Се работи за пастелно розова боја за која трендсетерките едногласно се согласија дека оваа боја е ништо повеќе од романтична, дамска и неверојатно шик а секоја модна вљубеничка за оваа пролет треба да додаде барем едно парче во својот плакар.

Големите модни куќи како Chanel, Celine, Valentino и Alexander Wang веќе се опседнати со розовите вибрации, па во нивните најнови колекции тешко дека може да се пронајдат парчиња во други нијанси. Оваа пролет зачекорете со ведрина и колорит.

Прегледи:
254
Објавено на:
28.04.2017