Категории

Која е најдобрата навигација за патување?

Во моментов на пазарот има голем број на производители кои нудат решенија но сите тие се базираат врз GPS позиционирање врз некакви мапи кои може да бидат застарени или да имаат потреба од редовно ажурирање за секогаш да сте “ап то дејт“.

Google Maps, апликацијата којашто секој ја поседува на својот Андроид телефон е можеби најдоброто решение за вас. Ќе ви објаснеме и зошто…

Секогаш ги имате најновите мапи

Со оглед на тоа дека апликацијата користи сателитски снимки за креирање на мапите, секој пат (па дури и оние земјени локални патишта) е заведен и ажуриран.

Овозможува “Download” на мапите без трошење на мобилен интернет

До сега, користењето на оваа апликација беше директно зависно од интернет мрежата, каде уредот ги преземаше потребните мапи каде се движите. Сега во менито “Offline Maps” можете да ги преземете регионите каде планирате да патувате и да ја користите навигацијата без дополнителни трошоци за интернет, кој знае да биде особено скап во странство.

Точно знае каде има метеж и притоа ве води по најбрзата траса

Доколку ја користите навигацијата со вклучен мобилен интернет, Google Maps според статистиката на сите оние возачи кои се движеле по оној пат на кој се наоѓате, точно ги знае местата каде може да се задржите подолго од вообичаеното па ќе ве насочи по најбрзата траса.

Ви кажува и кога ќе пристигнете на крајната дестинација

Оваа апликација,согласно статистиката на сите претходни возачи и нивната брзина на движење, ќе ви го каже точното време на пристигање и верувајте дека е многу точна во тоа. Секако, исклучок може да има доколку застанете и направите пауза или пак возите побрзо од вообичаеното, но грешката нема да биде поголема од неколку минути.

Извор : Бркајработа.мк

Прегледи:
379
Објавено на:
30.08.2017